Свеченост по повод 40 години од пуштањето во работа

РЕК Битола oдигра улога во осамостојувањето на Македонија и е столб на економијата, оцени премиерот

Рударско - енергетски комбинат (РЕК) Битола одбележува 40 години од пуштањето во работа на блок 1, кога на 4 ноември 1982 година, во 23.53 часот беше извршена синхронизацијата со електропреносниот систем на Југославија. На свеченоста во Битола за значењето на РЕК со акцент на денешната енергетска состојба во Македонија и мерките на Владата за ублажување на кризата говореше премиерот Димитар Ковачевски. Тој оцени дека овој енергетски гигант имаше голема важност за осасмостојувањето на Македонија и дека и денес е срцето на економијата.

„И денес во услови на најголемата светска енергетска криза, РЕК Битола е доминантен производител на електрична енергија во земјава. Во моментов, со наша заедничка заложба, АД ЕСМ, а во најголем дел РЕК Битола, успешно и континуирано обезбедува 100% од потребната електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи во државата во кои се вработени најголемиот дел од нашите работници“, рече премиерот и информира дека во моментов производството на струја е зголемено за 25 проценти во однос на лани.

Ковачевски рече дека со производство на струја и намалување на нејзината цена интенцијата е да се намали и цената на храната.

„Овие антикризни мерки, оваа електрична енергија која субвенционирано ја даваме на нашите граѓани и на 98% од фирмите кои вработуваат исто толку вработени немаше да биде можно без производството на електрична енергија во РЕК Битола. Воедно ја субвенционираме струјата за сите домаќинства и мали потрошувачи за 80%, обезбедувајќи за сите пет пати сметка за електрична енергија поевтина од реалната пазарна цена која би ја платиле доколку ова не беше направено.Со новите владини одлуки кои ги објавивме минатата недела, обезбедуваме поевтина струја и тоа, 80 евра по мегават/час за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи, со цел стабилизирање на цените на финалните производи. Веќе беше јавно соопштено од производителите дека со оваа одлука цените би требало да се намалат за најмалку 10%. 95 евра по мегават/час за основните и средни јавни училишта којашто ќе биде висина на цена на електрична енергија која тие ќе можат да ја поднесат и ќе може да се обезбеди непречено одвивање на наставно образовниот процес во држават“, рече Ковачевски.

Тој потести дека е во тек набавка на нова механизација на ниво на цело АД ЕСМ, од која дел исто така ќе биде наменета за РЕК Битола. 

„Честитки и за почетокот на изградбата на топловодот од РЕК Битола до Битола, за постапката која веќе е во завршна фаза за отворање на новиот рудник Живојно кој ќе биде трет во рамките на комбинатот, а во моментов активни се и рудникот Подински Јагленови Серии кој физички е лоциран на местото на рудниците Суводол, и Брод Гнеотино.

Премиерот им се обрати на вработените да бидат спокојни за својата работа.

„Немојте да ги слушате оние кои зборуваат дека некој ќе го затворел РЕК Битола, дека работниците ќе останеле без работа. Ниту еден работник нема да остане без работа, туку напротив РЕК Битола ќе се модернизира, РЕК Битола во иднина треба да работи на еколошки горива, треба да има нови извори на енергија и не да ги вработува само постојните туку и нови струки на инженери кои доаѓаат за обновливи и одржливи извори на енергија. Нивната пожртвуваност и во најтешки и најсложени временски услови да обезбедат суровина за производство на електрична енергија, е вреднувана и ценета не само од раковдството на РЕК Битола и АД ЕЛЕМ, од Владата туку и од сите граѓани“, рече Ковачевски.

Тој изрази уверување дека Македонија може да ја искористи глобалната енергетска криза и да стане центар на зелена енергија што ќе го снабдува и земјата и регионот, но и пошироко.

„Нѐ очекува тешка зима, но како што ја поминавме короната, ќе ја пребродиме и зимата“, рече премиерот.

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе