Реакција

РЕК Битола: Блок 3 се санира после ланскиот пожар, злонамерни се коментарите од неинформираните

РЕК Битола информира дека во моментов работи со два блока – Блок 1 и Блок 2, а се преземаат активности за санација на трансформаторот на Блок 3 кој што беше оштетен во пожарот што се случи на 5 ноември лани.

„Дали и кога постројката ќе биде во можност да произведува електрична енергија зависи од мислењето на стручни лица од РЕК Битола, од Електротехничките факултети во Битола и Скопје, експерти од Белград и стручни лица од енергетските компании во земјава. Дотогаш, контроли и обиди за ставање на трансформаторот во функција ќе се случуваат во континуитет“, се вели во соопштението од АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола.

Оттаму како „несериозни и злонамерни“ ги оценуваат намерите да се коментираат состојбите во комбинатот од, како што се наведува, „лица кои не се добро информирани и на никаков начин не се инволвирани во напорите за санација на трансформаторот на Блок 3“.

„Навистина со техниката, особено во енергетиката, нема играње, заради што убедени сме дека паушалните изјави и импровизации со сомнителни цели, конечно ќе запрат“, се додава во соопштението.

Претходно денеска, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека нов блок во РЕК не работи, „за народот нема парно зашто за власта има тендери и криминал“.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе