Препораката важи

Регулаторна комисија: Да нема исклучување на струја, парно и вода додека трае вонредната состојба

Останува во сила препораката од пред две недели, компаниите кои што се вршители на енергетски дејности, како и јавните претпријатија што се даватели на водни услуги  поради состојбата со пандемијата на Ковид-19 да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните системи за снабдување со електрична енергија,  топлинска енергија и вода поради неплатени сметки додека трае вонредната состојба, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

„Практично со ова известување сакам да им соопштам на граѓаните да бидат сигурни дека нема да има исклучување од струја, парно и вода додека вонредната состојба е на сила“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Во соопштението се додава и дека Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е во разговори со компаниите да се изнајде најдобар модел за плаќање на сметките за режиски трошоци за март, април и мај, со цел да не им бидат на товар на потрошувачите.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе