Заради проблеми со затоплувањето на домовите

Регулаторна бара високи казни за дистрибутерите за греење

Поради сегашните ниски казни, Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека ќе подготви измени во Законот за енергетика со кои ќе побара поголеми ингеренции и прецизирање на надлежноста во однос на изрекување на повисоки казни кон операторите на дистрибутивните системи доколку поради нивна неажурност и лоша организација ги оставиле потрошувачите без греење во време на грејна сезона.

„Мора да ги зголемиме нашите ингеренции и да можеме да изрекуваме сериозни казни кои ќе бидат врзани со процент од вкупен приход што го остваруваат енергетските компании, што е и сугестија од Енергетска заедница. Сега, овие казни се многу мали и незначајни за нив и се од 5000 евра до 7000 евра во зависност од дело. Со зголемување на казните, ќе делуваме превентивно и ќе се дисциплинираат операторите на дистрибутивните системи да не се чувствуваат комотно и сериозно да ја сфатат својата улога, а со тоа ќе ги заштитиме потрошувачите. Дополнително измените ќе бидат и во насока веднаш да може да добијат пониски сметки, доколку не ја добијат услугата, а не како што е тоа сега, на крај од грејната сезона преку порамнителните сметки", вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија.

Иницијативата за зајакнување на ингеренциите преку измени во Законот за енергетика следува откако на почетокот на грејната сезона Регулаторна комисија одржа состанок со компанијата „БЕГ" и сите останати компании кои го снабдуваат Скопје со топлинска енергија на кој од страна на компаниите беше информирани дека ќе нема проблем за почеток на грејната сезона.

„Ние врз основа на информациите од БЕГ верувавме дека ќе нема проблеми, но во голем дел на Скопје има проблеми, на кои ни посочија граѓаните дека немаат топлинска енергија, по што БЕГ ни даде точна информација. Ние мора да делуваме поригорнозно, затоа што очигледно дека казни до 7000 евра не им претставуваат проблем, затоа ќе побараме законски измени. Ако продолжи ваквото некоректно однесување и не се отстранат недостатоците ќе ја разгледаме опцијата за одземање на лиценцата", изјави Бислимовски.

Претседателот Бислимоски ги информира граѓаните дека имаат право да го тужат БЕГ поради недобивање на парно греење и дека Регулаторната им стои на располагање за да им даде соодветен документ со која ќе ја потврди фактичката состојба.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе