Регионалниот совет за соработка доделува грантови во вредност од 750 илјади евра

Регионалниот совет за соработка (РСС) објави нов повик за доставување понуди за грантови за развој на туризмот на Западен Балкан во вредност од 750 илјади евра, бесповратни средства на ЕУ.

Парите ќе бидат доделени на околу 14 проекти кои ќе бидат селектирани како најуспешни, со поединечна вредност од околу 54 илјади евра по проект. Крајниот рок за аплицирање е 12 јули.

Во сите шест држави од Западен Балкан, вклучувајќи ја и нашата земја, од 12 до 20 јули ќе се одржат информативни денови наменети за заинтересираните правни лица. Информативниот ден во Скопје ќе биде на 18 јуни во хотелот „Александар Палас“.

Станува збор за втор повик за грантови од проектот чија вкупна вредност е пет милиони евра.

Третиот повик се очекува во септември годинава.

Целта на програмата за доделување на овие финансии на РСС е развој и промоција на заедничката регионална понуда на културолошкиот и авантуристичкиот туризам на Западен Балкан, со цел привлекување на што поголем број туристи од Европа и светот, нивно подолго задржување во регионот и зголемување на приходите и бројот на вработените во туризамот.

Неодамна, генералната секретарка на РСС Мајлинда Брегу посочи дека туризмот има побрз раст на Западниот Балкан од другите гранки и дека опфаќа 14 отсто од вкупниот број на вработените, кои минатата година пречекале 12 милиони туристи.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе