Регионална соработка за создавање квалификувана работна сила според барањата на реалниот сектор

Стопанската комара на Македонија, во рамките на проектот „Кон регионални стандарди на занимања - КОН РЕГОС“, започна заедничка соработка со земјите од Западен Балкан во областа на образованието за создавање зеднички регионални стандарди на занимања и обезбедување квалификувани кадри кои ќе одговорат на барањата на бизнис заедницата од овој регион, на дводневната конференцијата што се одржува во Белград, денес и утре.

Проектот е финансиран од австриската Агенција за развој со цел креирање заеднички стандарди на занимања за оние занимања кои се побарувани од бизнис секторот во земјите од Западен Балкан со што се продлабочува и интензивира соработката во рамките на образованието, како битен фактор за економски раст и развој на земјите од Западен Балкан и поголема конкурентност во регионот. Со ова се оди чекор напред во остварување на зацртаните цели за создавање на еден регион- една економија , имајќи предвид дека на средбата учествуваа претставници од коморите на Македонија, Црна Гора, Република Србија, Република Албанија, Босна и Херцеговина и Република Косово, Секретаријатот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), претставници од образовните институции за стручно образование и обука, и Секретаријатот на Иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа (ЕРИ СЕЕ).

Првата средба во рамките на проектот беше посветена на креирање заедничка регионална рамка за развој на регионални стандарди на занимање и потпишување на договор за соработка помеѓу земјите од Западен Балкан. Во рамките на настанот во Белград, оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Анета Трајковска, ја презентираше состојбата и потребата на реалниот сектор за стручни и квалификувани кадри и потребата и значењето на учеството на реалниот сектор во изработката на стандардите на занимања.

На средбата беа елаборирани процесите што ќе се одвиваат на регионално ниво за успешен развој на регионалните стандарди на занимања (со поддршка на надворешни експерти). Исто така на средбата се дефинираа националните и регионалните активности и се изработи план за идните чекори што ќе се преземаа во рамките на проектот.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе