Ребалансот на буџетот стигна пред Владата, но и расправата за кризната состојба

Ребалансот на буџетот денеска ќе биде тема за расправа на седница на Владата, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Тој исто така потврди и дека ќе се расправа за евентуално продолжување на кризната состојба. Министерот изјави дека во Македонија нема недостаток од прехранбени продукти. 

Министерот Бектеши изјави дека апелира граѓаните да не стравуваат зашто, како што рече, земјава располага со сите прехранбени производи во доволни количини.

„Во моментот Комисијата ги разгледува сите опциии – дали треба да продолжи кризната состојба или не, ако треба да се продолжи или тоа се предлага од институциите, тоа треба да го направи Собранието. Ние ќе предвидиме средства, тоа е наша обврска, да се подготвиме навреме ако продолжи кризата во Украина“, истакна Бектеши.

Според него, Министерството за економија предлага да нема дирекно замрзнување на цените.

Бектеши повтори дека со ребалансот се предвидени кратења на трошоците во институциите за да има средства за креирање мерки кои би ги заштитиле граѓаните и стопанството.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе