Ребалансот на Буџетот е насочен кон справување со економската криза, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Собранието изјави дека ребалансот на Буџетот е насочен главно кон справување со економската криза, ревидирање на фискалните проекции, преструктуирање на буџетските расходи, задржување на фискалната одржливост и оптимизација на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит.

Одговарајќи на прашање од пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ, Ковачевски рече дека вкупните приходи со ребалансот се предвидува да бидат зголемени за 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повеќе од иницијално планираниот Буџет, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 288 милијарди денари или за 16 милијарди денари или 5,9 проценти повеќе во однос на иницијално планираните, кои што нагласи дека ќе се искористат исклучиво за поддршка на стандардот на граѓаните, за поддршка на економијата и за поддршка на ликвидноста на компаниите, но и за обезбедување финансиски средства за енергетскиот сектор.

Ковачевски посочи дека имаме надолна корекција на БДП и зголемување на проекцијата на инфлацијата на 7,2 проценти, додека со ребалансот успеале да направат намалување на непродуктивните трошоци и на трошоци кои што не мора да се направат во износ од 215 милиони евра.

„Тоа никогаш досега не е направено, меѓутоа со оглед на ситуацијата и дека не очекува навистина тешка зима, сметавме дека треба да се направи значително намалување на расходите кои што не мора да се случат оваа година. Тие средства, зголемени со проширениот дефицит се наменети за финансирање на животниот стандард на населението. Имаме оставено дополнителни 76 милиони евра во резерва, потоа дополнителни 52 милиони евра за земјоделците,“ изјави Ковачевски.

Обезбедени се и средства за непречена исплата на пензиите и платите, како што е договореното зголемување со СОНК, но и предвидените зголемувања на платите во МВР, во Судскиот систем и другите функции во државата, кои што беа предмет на разговори со синдикатите, посочи премиерот.

Врз основа на овие влезни податоци, Ковачевски рече дека е планирано зголемување на дефицитот на ниво од 5,3 проценти. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе