Реализирано и надминато e ветувањето за 30.000 денари плата, се пофали Владата

„Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2022 година изнесува 31.080 денари, согласно податоците на Државниот завод за статистика. Ова значи и реализација на клучно ветување за просечна месечна нето-плата од 30.000, што веќе евидентирано ја надминува поставената цел. Во однос на март 2021 година, таа е зголемена за 10,1 отсто или за 2.863 денари", се вели во соопштението од владината прес-служба.

Зголемување се должи пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21.4 отсто), Уметност, забава и рекреација (20.2 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19.5 отсто), се наведува во информацијата.

„Податоците на Државниот завод за статистика го потврдија трендот на раст на платите, кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата. Доколку последниот податок го споредиме со март 2017 година кога просечната плата била 22.445 денари, разликата е 8.635 денари“, пишува во соопштението.

Владата, како што се наведува, и во услови на најголема светска криза, продолжува со засилена динамика, да носи мерки во интерес на граѓаните.

„Минималната плата е зголемена на 18.000 денари, пензиите доживеаја историски највисок раст, а невработеноста е исто така на историски најниско ниво. Владата со сите засегнати страни низ дијалог, креира методологии со кои платите и пензиите, ќе продолжат континуирано да растат“, порачува Владата.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе