Растат и цените на становите и бројот на одобренија за нови згради

Значајно поскапување на становите, односно на недвижностите во првиот економски квартал. Во истиот период регистриран е и раст на бројот на издадени одбренија за изградба на згради, пишува „Порталб“. На територијата на дел од општините кои беа под мораториум за градба – се враќа машинеријата

Од 2015 година, во вториот кавртал од годинава е регистриран највисок раст на цените на становите на квартално ниво. Во вториот квартал во споредба со првиот цените се зголемени за 3 отсто. Нови податоци на Народната банка покажуваат дека на годишно ниво растот на цените на становите изнесува 4 отсто.

Во вториот квартал на 2021 година, цените на становите мерени преку хедоничкиот индекс забележаа годишен раст од 4 отсто, што претставува забрзување во споредба со растот од претходниот квартал. Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа раст во првиот квартал од 2021 година, додека расположливите податоци за вредноста на издадените одобренија за изградба на станбени згради во вториот квартал од 2021 година засега упатуваат на намалување, на годишна основа. Од аспект на побарувачката на станови, таа и натаму е поддржана од натамошниот двоцифрен раст на станбените кредити – соопштија од НБМ.

Цени на станови 2021 (годишно ниво)

Квартал 1                                          +3,2%

Квартал 2                                          +4,0%

Цените на становите и воопшто на недвижностите не се зголемуваат само во главниот град туку и во другите градови во земјава. „Цена на станбен квадратен метар достигна 700 евра. Тоа е многу за Штип“, вели еден наш сограѓанин од овој град. Во Тетово цената на квадратен метар се движи од над 600 евра, достигнувајќи и 850 евра.

Цената на становите во Охрид пак е драматично зголемена, па така стан од 83 м2 се продава од 700 до 1.300 евра по квадрат, во зависност од година на градба на зградата и од други фактори кои ја детерминираат цената.

Вредност на купопродажби јануари-јуни 2021

Продажби                             283.000.000 евра

Лицитации                               1.200.000 евра

Инвеститор                            90.000.000 евра

Според податоците од Агенцијата за катастар, само во првото полугодие од годинава направени се вкупно 10.107 трансакции поврзани со недвижности во вкупна вредност од 378 милиони евра. Во споредба со лани истиот период забележан е голем пораст и на бројот на купопродажби и на нивната вредност.

Само во првите шест месеци од годинава преку Катастарот се регистрирани 15.453 трансакции, од кои 11.263 продажби на недвижности, а останатите се однесуваат на закупи.

Летната сезона го рестартираше градежништвото. Во јуни биле издадени 320 одобренија за градба, што е за 17,2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Новите податоци од Заводот за статистика покажуваат дека изградбата на згради е во нов „налет“, но вредноста на сите видови одобренија за градба е значајно намалена за дури 64,4 отсто.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година биле издадени одобренија за градење на објекти од нискоградба со поголеми вредности, како магистралниот транспортен гасовод во Пелагонискиот регион, делница 5 од магистралниот гасовод во Полошкиот регион, биогасната и ветерната електрана во Вардарскиот регион, далноводот од Битола до македонско-албанската граница во Југозападниот и Пелагонискиот регион, објаснија од Заводот за статистика.

Кај високоградбата – односно кај изградбата на станови во јуни се бележат „пикови“. Вредноста на издадените одобренија за градба изнесува 48.000.000 евра, што е за 50,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, додека бројот на издадени одобренија за градба во анализираниот период е зголемен за 34,5 отсто.

Вредност на издадени одобренија за градба – јуни 2021

Фирма – деловен субект                                        32,2 милиони евра

Физичко лице                                                           15,8 милиони евра                                                                      

Дел од градежниците велат дека градежништвото беше една од погодените гранки – дејности од ковид пандемијата. Граѓаните се воздржуваат од купување, а во меѓувреме цените на металите и на нафтата се зголемија, што влијаело врз пораст на трошоците, а со тоа и врз раст на крајната цена на становите. На територијата на дел од општините – мораториумот за градба е укинат со одлука на Уставен суд, со што машинеријата се врати на терен. Градежниците посочуваа дека мерката мораториум која требаше да биде „акутна“, за да се решат проблемите, се претворила во „хронична“, поради што дел од фирмите забавија, па дури и целосно запреја со градба на локациите, односно општините каде на сила до неодамна имаше мораториум за градба.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе