Статистика

Раст на вкупниот промет во индустријата

Прометот во индустријата вкупно во мај годинава во однос на истиот месец лани е зголемен за 58 проценти, објави Државниот завод за статистика

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај годинава во однос на мај минатата година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 57,1 процент, Капитални производи за 116 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 54,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,4  проценти.

Прометот во индустријата вкупно во мај во однос на април годинава, бележи раст од 1,9 проценти,  додека во периодот јануари – мај година, во однос на истиот период лани од 28,1 процент.

На домашниот пазар, во мај годинава во однос на мај минатата година, има зголемување од 9,5 отсто на прометот во индустријата.  Според главните индустриски групи,  порастот е кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,6 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 40,5  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,7  проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 1,4  проценти..

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2021 година, во однос на април 2021 година, е намален за 4,5 проценти, додека во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на периодот јануари – мај 2020 година е со раст од 3,8 проценти.

На странските пазари, пак, прометот во индустријата во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, се зголемил за 77,2 отсто. Сележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 81,1 процент, Капитални производи за 121,5  проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 50,3  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4  проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари, во мај годинава во однос на претходниот месец е со раст од 3,9 проценти, а во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на истиот период лани е зголе,ен за 35 проценти. 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе