Радован Витошевиќ е нов директор на Мајворлд за Југоисточна Европа

Генералниот директор на компанијата Мајворлд (myWorld) Радован Витошевиќ, е поставен за регионален директор на компанијата за Југоисточна Европа. Компанијата изминатата година прослави 10 години постоење на македонскиот пазар и успешно ги гради своите планови преку одлична менаџерска политика, а доказ за тоа е што управниот директор Радован Витошевиќ придонесе за голем успех во Мајволд во Бугарија, Косово и Албанија како нивен регионален директор.

Компанијата myWorld се темели на неколку основни елементи на успешен шопинг екосистем како што се купувачи и трговци, мрежа на микро, мали и средни претпријатија, како и големи бизниси, онлајн и офлајн платформи. Од едноставна бенефит платформа, myWorld прераснува во светска сила во онлајн продажбата, услугите за патување и сместување, и полека влегува во индустријата на дигитален маркетинг. Под капа на оваа групација се повеќе брендови и индустрии: myWorld.com, marketplace.myWorld.com, travelWorld.com, Benefit Lounge, OneSense, @media, eVoucher и итн.

„Успехот во Македонија изминатите години и успешната бизнис приказна која ја градиме веќе 11 години, не само кај нас, туку и во Бугарија, Албанија и Косово, претставуваше мотив за мене и целиот тим да работиме напорно и посветено. Менаџментот на компанијата го препозна тоа, и резултатите кои ги постигнавме, беа причина да бидам назначен за регионален директор за Југоисточна Европа. Многу сум среќен што сега ќе имам прилика да придонесам за развој на останатите пазари во регионот и да продолжиме да ја шириме успешната приказна. Горд сум што сме пионери во лојалната индустрија и заедно со овие пазари од овој дел на Европа ќе поставиме нови стандарди на работа и ќе ја зголемуваме куповната заедница низ светот”, изјави Радован Витошевиќ.

Неговото унапредување во регионален директор на Југоисточна Европа е сведоштво за неговата извонредна посветеност низ годините. Неговата експертиза во областа на бизнис и менаџмент ќе ја имплементира во своето менаџирање како регионален директор на вкупно 11 земји вклучително и Грција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора – предизвик којшто одлично го прифаќа со ентузијазам.

Компанијата myWorld Holdings Ltd. London во светот брои повеќе од 15 милиони членови кои можат да пазаруваат онлајн и да добиваат Cashback и Shopping поени преку својата лојална програма. За возврат, партнерите имаат корист од ефикасните програми за лојалност, што им помага да ја зголемат својата видливост. Повеќе од 150.000 партнери на над 50 пазари веќе ја користат програмата myWorld Benefit. Плановите на компанијата myWorld Holdings Ltd. London во наредниот период се да се зголеми бројот на партнери, комплетно да се дигитализираат и да понудат решенија кои ќе бидат први во светот.

Радован Витошевиќ, е добитник на неколку престижни награди, а прогласуван е за Менаџер на годината од Men of the Year во 2020 и Business Elite’s “40 Under 40” во 2021 во Македонија, како и добитник на Business Class наградата во Бугарија. Радован е и најпродаван автор со книгата Будење на свеста, која претставува четиво за личен развој, a напишана заедно со неговата сопруга, Катерина Ангеловска, која е преведена на неколку јазици и успешно се продава преку сите светски платформи.

Комерцијален текст

 

 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе