По вчерашната владина уредба

Радијаторите од утрово во Скопје се топли, кризата надмината

Лошите прогнози не се остварија, скопјани кои за затоплување користат парно греење, утрово се разбудија во топли домови. По вчерашниот договор меѓу Владата и БЕГ и ТE-ТO, како што беше изјавено на синоќешната прес-конференција во Владата, до крајот на грејната сезона нема да има прекин во снабдувањето со топлинска енергија, а одговорноста за квалитетно греење ја презеде државната компанија ЕСМ која ќе управува со БЕГ додека трае енергетската криза. На БЕГ нема да ѝ биде одземена лиценцата и покрај најавите од Регулаторната комисија за енергетика.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски на прес-конференцијата не одговорија на новинарските прашања зошто на БЕГ не им е одземена лиценцата, иако таа компанија децидно кажа дека од сабота нема да може да ги грее домовите на скопјани. Бислимоски во четвртокот ја отфрли можноста да се воведе државно управување со БЕГ.

Проблемот со парното греење, како што беше речено на прес-конференцијата, е решен на начин што Владата донела одлука за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

„Донесена е Уредба со која се овозможува Владата преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија. ЕСМ денеска потпиша договор за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до 31 јануари. За реализација на овој договор ТЕ-ТО ќе произведе дополнителни количини на топлинска енергија покрај електричната, со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдувањето во овој период", рече министерот Бектеши.

Директорот на РКЕ Марко Бислимовски изјави дека ЕСМ ќе го раководи финансиско работење на БЕГ  и дека на некој начин, како што истакна, ќе се внесе еден вид принудна управа на БЕГ", рече Бислимоски.

На прес-конференцијата на прашањето зошто граѓаните беа држани во неизвесност и зошто проблемот не можел да се реши порано, Битиќи одговори дека низ разговор се дојде до решението, а дека „БЕГ и ТЕ-ТО“ ги најдоа сите можни начини како да бидат соработливи“.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе