Развојна банка

Прв повик за директна бескаматна поддршка на угосителството, туризмот и товарниот транспорт

Објавен е првиот повик за директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија преку Развојната банка на Северна Македонија.

Како што соопшти денеска директорот на банката, Кире Наумов, во оваа прва фаза ќе се кредититраат најпогодените сектори: угостителство, туризам и товарниот транспорт, а целта е првично да го ги надминат проблемите со ликвдиноста. Аплицирањето може да почне од ноќеска на полноќ

Висината на кредитите ќе зависи од големината на компанијата, односот од бројот на вработени, а минималниот износ е 3.000 евра. Микро компаниите со максимум 10 вработени ќе може да аплциираат за кредит од 3.000 до 5.000 евра, малите компании со 10 до 50 вработени за 10.000 до 15.000 евра, а средните компании со 50 до 250 вработени за кредит од 15.000 до 30.000 евра.

Каматата за кредитите е нула проценти, отплатата 24 месеци, а грејс периодот шест месеци.

Според Наумов, поддршката со бескаматните кредити ќе продолжи и ќе се прошири на другите сектори кои дополнително ќе се утврдат.

„Почитувајќи ги пепораките за заштита на јавното здравје, аплицирањето за кредитите од јавниот повик ќе бдие елеткронски, а потребната документација ќе се доставува на мејл адресата: kreditiranjecovid1@mbdp.cm.mk, истакна Наумов.

Владата минатата недела на прес-конференција соопшти дека ќе се обезбеди директна финансиска поддршка за задржување на ликвидноста на микро, малите и средните компани и субвенционирање на придонесите за април, мај и јуни, како дел од првиот сет мерки за справување со последиците од коронавирусот.

Како што рече тогаш вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, обезбедени се 5,7 милиони евра од Развојната банка кои ќе се наменат за микро, малите и средни компании чија економска активност е погодена од ковид-19.

„Владата не доцни со сетот економски мерки за справување со последиците од коронавирусот“, смета Наумов.

Тој денеска вели дека мерката за бескаматни кредити е добра и оти се работи за извонредно поволни кредити со грејс период од шест месеци и квартални тримесечни рати. Првата рата ќе се исплаќа по девет месеци.

„Ние се надеваме дека тоа е доволен период во кој некако би олабавила целата криза, а тие по девет месеци ќе бидат на нозе за да може да ги враќаат кредитите. Ние ќе ја следиме состојбата и тогаш доколку сѐ уште трае кризата се подготвени да ги репрограмираме тие долгови“, рече Наумов.

Оцени дека мерката не е задоцнета напоменувајќи дека во земјите од регионот слични вакви мерки се уште не се функционални.

„Хрватска минатиот петок во Саборот донесе сет закони кои ги објави и во принцип ниту една од нивните мерки се уште не е функционална. Мерките се во овој правец, нормално со други суми и се уште не се фунцкионани. Во Словенија, соодветната развојна банка по овие принципи ќе започне од 1 април. Србија има објавено една мерка која е далеку од реализација. Се што слушам и од порзвиените земји е нешто што е само најава, а длеку од реализација. И од таа причина велат дека Владата не доцни со мерките“, истакна Наумов.

Очекува голем интерес за мерката за бескаматни кредити, а првичните проценки ќе ги имаат уште утре имајќи предвид дека аплицирањето ќе се одвива електронски почнувајќи од полноќ.

Најави дека како Развојна банка ќе продолжат со пласирање на средства кон комерцијалните банки по извонредно ниска, можеби и нула каматна стапка, за да и кредитите што ги нудат банките бидат многу поевтини.

„Развојната банка ќе продолжи со пласирање на средства кон комерцијалните банки. Се обидуваме тоа да биде по извонредно ниска, можеби и нула каматна стапка и останува понатаму комерцијалните банки, како што покажуваат сега желба за солидарност, нивните кредити да бидат многу евтини. Она што може да го направи Владата во овој дел заедно со Развојната банка е тоа средствата што ги пласира преку комерцијалните банки да ги пласира до нив со извонредно ниска камата“, подвлече Наумов. 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе