Протест на жителите на на Босилово против отворање на рудник

„Стоп за рудници", „Стоп за рудникот на смртта" порачаа младите на вчерашниот протестен марш во општината Босилово. Протестот се одржа против отворање на рудникот „Иловица-Штука" на компанијата „Еуромакс Рисорсис" на планината Огражден.

Жителите на Босилово под мотото „Глас за чиста животна средина, глас за здрава иднина, глас против рудниците на смртта“ ги повикаа политичарите да донесат одлука што ја ветиле и во интерес е на граѓаните. Учесниците на протестот рекоа дека борбата против рудникот допрва ќе се засилува и омасовува. Бараат надлежните да реагираат и сериозно да ги сфатат нивните пораки и барања.

„Јавно ги повикуваме како централните, така и локалните власти да го решат проблемот. Упатуваме пораки, прес сѐ, од млади луѓе кои се револтирани од негрижата на властите за нашата иднина и јавно бараме еднасш засекогаш да го решат ова прашање. Велиме „не за рудници“ бидејќи младите се тие кои ќе трпат последици од нивното отворање“, рече Мики Крстев, жител на село Штука.

На протестниот марш се појавија и градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков, потоа в.д. градоначалникот на Ново Село, Горан Цветков и пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска.

Тука беше и Ангел Наков од граѓанската иницијатива „Спас за Гевгелија“ кој побара од Владата да не дозволи отворање на рудник.

Концесионерот „Еуромакс рисорсис“ соопшти дека компанијата ги поддржува ситe активности за заштита на животната средина, но дека лажните вести и говорот на омраза не е граѓански активизам.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе