ДОХОДОВНА НЕЕДНАКВОСТ

Просечната плата во Македонија е 302 евра, а на најбогатите, 4.200 евра

Во Македонија има висока стапка на нееднаквост меѓу граѓаните по основ на доход и постои тенденција на нејзин раст, покажува анализата за доходовна нееднаквост што ја објави Министерството за финансии врз основа на податоци од Управата за јавни приходи. 

Податоците од анализата покажуваат дека постои голема разлика во месечниот доход, односно ако во 2016 година просечниот личен доход изнесувал 302 евра месечно, најбогатите 1 процент во Македонија имале просечен доход од околу 4.200 евра месечно.

„Половина од луѓето во Македонија што остваруваат доход имаат доход што е под 212 евра месечно, 70 проценти имаат доход што е под 297 евра месечно, 90 проценти имаат доход што е под 495 евра месечно, а од друга страна 2 проценти од луѓето имаат доход што е над 1.044 евра, а еден процент од луѓето имаат доход што е над 1.523 евра“, рече Бранимир Јовановиќ, советник во кабинетот на министерот за финансии.

Тој посочи дека највисокиот доход што е остварен во 2016 година изнесувал 2,6 милиони евра, а 15 лица оствариле доход над еден милион евра. Доход над 500 илјади евра минатата година имале 66 лица, над 200 илјади евра доход оствариле 283 лица, а 775 лица имале доход од над 100 илјади евра. За високата доходовна нееднаквост укажува и податокот дека 775-те лица кои имале над 100 илјади евра доход заедно оствариле доход од 190 милиони евра што е еднакво на вкупниот остварен доход на 210 илјади лица кои имале најниски приходи.

Според Јовановиќ, податоците укажуваат дека се потребни суштински промени во одредени економски политики пред сѐ зголемување на минималната плата и донесување на законот за стечајни работници, како и менување на даночната политика.

„Неопходна е даночна реформа со која трендот на намалување на даночниот товар кај набогатите ќе се смени во спротивна насока, односно да има раст, како што е тоа во сите развиени земји“, рече Јовановиќ.

Направената анализа според министерот за финансии Драган Тевдовски е особено важна бидејќи од една страна без веродостојни податоци не може да се креираат нови економски и социјални политики, а од друга страна се создава притисок да се работи на намалување на неедаквоста на доход. Тој најави дека се подготвува даночна реформа и оти првите предлози се очекуваат до крајот на годината.

„Подготвуваме даночна реформа, а за нејзиниот успех е важно да бидат согледани сите важни прашања и да биде опфатен и институциналниот капацитет бидејќи тоа е сериозно прашање. До крајот на годинава ќе излеземе со нашите предлози за даночна реформа“, рече Тевдовски.

Со анализата се опфатени околу 90 проценти од граѓаните кои оставруваат доход или 940 илјади лица. 

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе