Државен завод за статистика

Просечната плата во август 28.642 денари

Просечната исплатена нето-плата по вработен во август годонава изнесувала 28.642 денари и е за 4% повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување се должи, пред сѐ, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.0 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.4 %) и Други услужни дејности (12.6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (5.5 %), Уметност, забава и рекреација (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.1 %).

Просечната бруто-плата во август 2021 година, пак, изнесувала 42.776 денари.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе