Промовирани туристичките капацитети на земјава на саем во Римини

Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во соработка со приватниот сектор туристичките дестинации на Македонија во период од 9 до 11 октомври се промовираат на саемот за туризам во Римини, Италија.

Туристичкиот сектор од Македонија меѓу кои и Балкан прајм турс, Мацедонија холидејс, Бохемија, Мото клуб Вепар, Мак сан травел, Ресторан Острово, детектираa значаен интерес кај италијанските бизнис субјекти, претставувајќи ја земјава како привлечна и потенцијална дестинација која нуди можности за соработка и вмрежување на туристичките фактори меѓу овие две земји. Преку прилагодена туристичка понуда ги презентираат туристичките капацитети кои ги има земјава, истата е насочена кон недопрената природа, богата култура и можностите за селективни, алтернативни форми на туризмот, а се во интерес на италијанскиот пазар.

Туристичките блогери и оваа година се со голем интерес за посета на нашата земја, а истите се многу значајни за пазарите во развој, изнесувајќи го уникатното и највредното од земјата, со што влијаат на изборот на дестинација кај италијанските туристи.  Истите беа поканети да го искусат и доживеат автентичното и локалното од  Македонија, преку организација на информативни патувања низ земјава.

„TTG Travel Experience" е главен саем за туризам на туристичкиот пазар во Италија, место за преговарање и вмрежување помеѓу меѓународната понуда и побарувачката на туристички производи. Саемот во Римини е исклучиво B2B настан.Тоа е единственото место во Италија каде излагачите можат да ги сретнат сите главни италијански туристички агенции и тур-оператори, да остварат деловни контакти и развиjат понатамошен успешен бизнис.

На 55-та интернационална бизнис туристичка манифестација во Римини својата туристичка програма ја претставуваат над 150 туристички дестинации, учествуваат над 2.550 изложувачи од 90 земји, 750 новинари, 300 блогери и повеќе од 72.662 посетители. Овие факти и бројки кажуваат за големината и важноста од учество на еден од најголемите бизнис туристички настани во Европа и светот, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе