Промоцијата на Комплекс Планет, нов станбено-деловен комплекс во Сарај вреден 28 милиони евра

Новиот станбено-деловен Комплекс Планет во Општина Сарај ќе има 142 вили на 150 хектари со придружна инфраструктура од улици и пристапни врски со постоечката градска патна мрежа, канализации, вододоводна мрежа, како и мрежа за електрична енергија и интернет. На промоцијата на оваа нова инвестиција од 28 милиони евра присуствува претседателот на Владата на Зоран Заев, заедно со претседателот на Собранието на Талат Џафери, Артан Груби, првиот заменик-претседател на Владата министерот Оливер Спасовски, претседателот ДУИ Али Ахмети и градоначалниците на Скопје и Сарај Петре Шилегов и Блерим Беџети.

„Предизвикот да се изгради сосема нов станбен и урбан комплекс во близината на Скопје, кој практично претставува мал град, невистина заслужува почит. Станува збор за супер модерна населба која ги има предвид сите функционалности за едно урбано живеење вклучувајќи објекти за здравствена заштита, пошта, банка, библиотека и книжарница, градинка, надворешен амфитеатар за организација на настани, спортски центри, хелиодром, базени и хотелско ресторански комплекс“, изјави Заев.

Целиот станбено-деловен комплекс зафаќа околу 20% од вкупната површина што ја опфаќа инвестицијата, а остатокот од 80% e зеленило.

Комплекост се гради на влезот на Скопје од западната страна, меѓу реките Вардар и Треска. Изградбата ја вршат градежните компании на инвеститорите „Блеро-Фикс“ и „Валмир компани“.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе