„Спортска дипломатија“ во Букурешт

Промоција на македонските бизнис и извозни потенцијали пред романските стопанственици

Македонската бизнис клима и извозните потенцијали беа презентирани денеска во Стопанската Комора на Букурешт, пред отворањето на  Неделата на македонски производи.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески ги запозна романските стопанственици со поволностите кои што се на располагање на инвеститорите, поддршката на извозот, како и со условите за трговска соработка.

„Традиционално добрите врски и пријателски односи помеѓу двете земји и народи нека бидат поттик за зголемување на вкупната трговска размена, создавање на можности за меѓусебни инвестиции и соработка на компаниите за вклучување во своите вредносни синџири“, рече во обраќањето Павлески.

По бизнис презентациите, претседателот на Комората на Букурешт и министрите за економија и за земјоделие, Крешник Бектеши и Арјанит Хоџа, во присуство на стопанствениците од двете земји, беше отворена  „Неделата на македонски производи“. Со штандови со свои брендови од прехранбената, млечната, кондиторската и винската индустрија присутни се повеќе македонски компании. Производите ќе им бидат достапни и за дегустација на заинтересираните посетители на настанот кој ќе трае до 18 ти јуни.

Настанот е организиран во рамките на „спортската дипломатија“ и учеството на нашата репрезентација на Европското првенство во фудбал, а на иницијатива на канцеларијата на премиерот Зоран Заев, македонскиот амбасадор во Букурешт, Габриел Атанасовски и Стопанската комора на Букурешт.

 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе