Прокредит е првата банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома

Со почетокот на ковид-19 кризата, компаниите беа принудени да се адаптираат на новите услови за работа со цел да се заштитат здравјето и благосостојбата на своите вработени. Пандемијата го забрза процесот кај одредени компании да донесат одлука за работа на вработените од своите домови. Прокредит банка Македонија, го отвори прашањето на флексибилно работно време и пред пандемијата, но истото се реализира подоцна и конечно се воведува концепт за можност за работа од дома на вработените на Прокредит банка.

Банката за своите вработени обезбедува соодветни средства за работа и извршување на редовните работни активности - лап-топ, добра интернет конекција и останати помошни средства. Со ова се овозможува непрекинато поврзување кон апликациите на банката со цел извршување на секојдневните работни активности.

„Прокредит банка има професионални и одговорни кадри, вработени кои што се самостојни и испорачуваат висок квалитет и ефикасност на своите работни места. Со оваа одлука во центарот го ставаме секој вработен, неговите потреби, организација и секако очекувањата во однос на придонесот на работното место. Веруваме дека ќе влијае позитивно на вработените преку постигнување подобар баланс помеѓу работата и приватното време, што е траен бенефит за нашата организација”, изјави Ана Стојановска, Директор на секторот за човечки ресурси во Прокредит банка.

Со одлуката на банката, максималното траење на ваквиот начин на работа е со времетраење од максимум 4 работни денови во календарскиот месец.

Официјално, Прокредит банка ќе биде прва банка во Македонија која ќе воведе флексибилно работно време за своите вработени.

Комерцијален текст

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе