Реакција кон Групацијата на производители на кеси

Производителите одамна мораа да произведуваат само биоразградливи кеси, велат од МЖССП

Неосновани се поплаките на производителите на кеси кои бараат одложување на забраната за употреба на пластични кеси, бидејќи уште од 2013 година е воведена обврската за производство на биоразградливи кеси, соопшти Министерството за животна средина во однос на реакциите на Групацијата на производители на кеси.

„Во однос на поплаките од производителите на платични кеси за носење на стоки, од 2013 година задолжително за кесите за носење на стоки важеше стандардот за оксобиоразградливост. Значи сите овие производители од 2013 година биле обврзани да произведуваат и да нудат на пазарот кеси кои го задоволуваат стандардот за оксобиоразградливост. Со новиот Закон е воведена забрана за пуштање на пазарот пластични кеси, дозволени се само биоразградливи согласно најновиот стандард за биоразградливост што значи дека се произведени од некаква органска материја која може да се распадне како органиски отпад“, велат од министерството.

Во соопштението се додава дека за да им се излезе во пресрет, заради нивните поплаки кои, како што се нагласува, биле ненавремени, бил овозможен допполнителен период од година и пол, време во кое би го потрошиле материјалот за биоразградливи кеси.

„Но, по тој период, од 1 јуни 2023 да почне да се применува новиот стандард за биоразградливост“,нагласуваат од министерството.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе