Производите на Витаминка во маркетите во Јапонија

Витаминка го реализира првиот директен извоз во Јапонија. Пласманот на производите на Витаминка на јапонскиот пазар следи по детално направено истражување на локалните пазарни специфики, присутната конкуренцијата и прехранбените навики и многубројните остварени средби со партнери од Јапонија ширум саемите во светот, реализирани пред корона кризата.

Моментално Витаминка има континуиран извоз во повеќе од 30 земји, а со вклучување на јапонски пазар, кој е исклучително софистициран и пребирлив, реализацијата на странските пазари го продолжува трендот на зголемување и кон најдалечните дестинации.

„Извезуваме во многу земји, со различни културни и прехранбени навики и различна структура на малопродажната индустрија од аспект на концентрација и формати, но извозот во Јапонија е посебно значаен затоа што овој пазар се издвојува со својот обем, високите квалитативни стандарди и многу различни и специфични нутритивни навики до кои успеавме да ги доближиме нашите производи. Се разбира, продорот што го направивме е резултат, пред се на квалитетот на нашите производи, како и извозната стратегија што ја развиваме континуирано и што дава позитивни резултати. Го испорачавме првиот контејнер на Карамел бисквит, со наш оригинален бренд, но со адаптации на јапонските стандарди. Во фаза сме на подготовка и на нови артикли за тој пазар. Задоволството од довербата што ни ја даваат партнерите од таква далечна дестинација во вакви кризни времиња е непроценлива сатисфакција за Витаминка”, вели Љупчо Велески, директор на сектор извоз во Витаминка.

Извозот на Витаминка во Јапонија е поздравен и од амбасадата на Јапонија во Македонија, со желби за долгорочна соработка и наклонетост на тамошните потрошувачи.

 

 

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе