Голем интернационален успех на македонската компанија

Производите на Млекара Здравје освоија 5 златни медали за квалитет и вкус

Kомпанијата Млекара Здравје доби престижно признание Superior Taste Award на Меѓународниот институт за вкус и квалитет - iTQi од Брисел, со вкупно 5 Golden Stars: 1 за мешаното сирење, 2 за јогурт со 2,8% млечни масти, 2 за мешан кашкавал од Млекара Здравје...

 

Специјално избрани судии од 15 најпрестижни европски кулинарски и сомелиерски асоцијации ги оценија производите на Млекара Здравје како исклучително квалитетни, со одличен вкус кој остава силен впечаток кај потрошувачите.

Производите се оценуваа според категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус, диференцијација во однос на конкурентите, во согласност со стандардите за оцена на Меѓународниот институт за вкус и квалитет – iTQi.

Секој тестиран производ, се оценува според пет главни сензорни критериуми (прв впечаток, визија, мирис, текстура, вкус, вкус по проба).

„Да се добие вакво признание на најпрестижниот кулинарски натпревар во светот е исклучително признание за Млекара Здравје. Тоа е потврда дека и во Македонија можеме да создадеме врвни млечни производи, кои може да бидат конкурентни на светскиот пазар, па дури и повеќе од тоа. Ова е признание за целиот тим на Млекара Здравје, кој несебично и макотрпно, континуирано инвестираше во сите сегменти од своето работење за да го унапреди квалитетот на своите производи“, истакна Кристина Камчева Стојческа, управителка на Млекара Здравје. 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе