Статистика

Програмерите и натаму убедливо први со просечна плата од 1.100 евра

Во септември просечната плата во Македонија беше 27.405 денари, што е за 0,5% помалку во однос на претходниот месец, а за 7,7 проценти повисока во однос на септември лани, соопшти Државниот завод за статистика.

На листата на најплатените професии се комјутерџиите и консултантите – нивната просечна плата во септември била 67.216 или 1.092 евра. Кај комјутерското програмирање платата во септември пораснала во однос на август, за 1,2 отсто.

Втори на листата се вработените во воздухопловниот транспорт, кои во септември просечно земале 48.349 денари, а во однос на претходниот месец има раст од дури 14,5 отсто.

Следуваат вработените во дејноста производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, каде просечната плата е 45.799 денари, или помала за 0,7 отсто во однос на претходниот месец.

На четврто место се финансиско-услужните дејности, освен осигурување и пензиски фондови, со просечна плата од 43.113 денари.

На петтото место се вработените во секторот складирање и помошни дејности во превозот, со плата од 40.515 денари, пред вработените во телекомуникациите, чија просечна плата во септември била 40.485 денари.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе