По успешната имплементација на факултетите

Програмата за практиканство на „Алкалоид“ се проширува во две средни училишта

По успешната имплементација на програмите за практиканство со четири факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", „Алкалоид АД Скопје" одлучи соработката од овој вид да ја прошири и со средните училишта.

Во првиот циклус од програмата насловена „Серијална практична обука", компанијата потпиша меморандуми за соработка со две средни училишта на територијата на град Скопје: средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов" и средното хемиско училиште „Марија Кири – Склодовска".
Целта, како што соопштуваат од компанијата, на овој циклус на практиканство со средните училишта е да се поттикне развојот на младите стручни кадри преку нивен активен ангажман во автентични процеси.

„Во насока на нашите заложби за корпоративна општествена одговорност, а поттикнати од успешните примери на практикантство со академските инстанци, каде добивме сериозни индикатори за тоа како активниот ангажман на младите, талентирани и амбициозни студенти може да се искористи во полн капацитет а при тоа да се има заеднички бенефит, одлучивме да ги отвориме вратите и за практична соработка со средните стручни училишта поврзани со нашите бранши. Се надевам дека новите генерации на миленијали ќе ја искористат шансата за надградување на нивните знаења и стекнување нови практични вештини во рамки на реални процеси“, изјави генералниот директор на „Алкалоид" АД Скопје Живко Мукаетов.

За целите на спроведување на проектот, кој е верифициран од страна на Стопанската комора на Македонија, а поддржан и од управата на Град Скопје денеска во седиштето на „Алкалоид" беа потпишани меморандумите за соработка помеѓу компанијата и образовните институции.

„Оваа програма за изведување практична настава отвора нова можност за учениците да стекнат практични вештини, знаења и искуства во оваа компанија. Верувам дека учениците ќе ја искористат оваа можност и стекнувајќи практично искуство, ќе ја зголемат својата атрактивност на пазарот на труд по завршувањето на образованието“, изјави директорот на СУГС „Марија Кири – Склодовска" Блерим Небиу.

Според ВД директорката на средното медицинско училиште„Д-р Панче Караѓозов", Маја Салиу, потпишувањето на Меморандумот за соработка со „Алкалоид" е резултат на зедничката визија за поттикнување на вработливоста на младите.

„Стратешка ориентација на нашето училиште е да се продуцираат стручни кадри кои ќе одговорат на потребите на пазарот на трудот преку стекнување вештини низ практична работа во реални услови. Сето ова е во насока на воспоставување систем на дуално образование во рамки на заложбите за одржлив економски раст и развој“, истакна Салиу.

Според Даниела Адамова, раководител на секторот за образовние целта е преку поддршка на позитивните пракси од европските модели на дуално образование, да креираме сопствени модели на соработка со бизнис заедницата што ќе ги рефлектираат специфични потреби за ефикасен и продуктивен образовен систем.

Првиот циклус од програмите за практиканство „Алкалоид" и Универзитот „Св. Кирил и Меториј" го отпочна во април 2018 година. Преку истиот, 11 од вкупно 17 ангажирани практиканти останаа да работат за компанијата. За својот практичен ангажман, средношколците ќе добијат симболичен паричен надомест од компанијата, а првата група од околу петнаесетина практиканти се очекува да отпочне со практичната обука кон средината на месец јуни оваа година.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе