ЈП Водовод и канализација-Скопје

Продолжен рокот за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води во Скопје

Продолжен е рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје за град Скопје, информираат од Водовод и канализација. 

Со цел да се излезе во пресрет на потенцијалните апликанти и заинтересирани страни, рокот за поднесување на апликациите се продолжува и истекува на 1 октомври во 12 часот.

„Со потпишување на Договорите помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската инвестициона банка и Европската банка за реконструкција и развој се затвори финансиската конструкција за Проектот за Изградба на Пречистителна Станица на град Скопје. Во согласност со одредените фази за имплементација на капиталниот проект ПСОВ – Скопје, во вредност од 136.000.000 евра, ЈП Вововод и канализација – Скопје работи на реализација на истиот, што е доказ за заложбите за унапредување на условите за живот за сите граѓани како и инвестирањето во високо квалитетна животна средина”, пишува во соопштението од ЈП Водовод и канализација.

Официјалната објава на поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје, може да се најде на ТЕД платформата, на следниот линк.

Од ЈП Водовод и Канализација ги повикуваат сите компании, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје.

Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 9.

На барање на заинтересираните страни, документите може да бидат пратени и електронски во пренослив или отворен формат на wwtp-project@vodovod-skopje.com.mk. Крајниот рок за поднесување на апликациите, согласно барањата, критериумите и одлуката за негово продолжување наведени во поканата 1 октомври 2020 година до 12:00 часот (по локално време). Заинтересираните страни кои ќе испратат електронска апликација до 1 октомври најдоцна до 14 октомври во 12 часот ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе можат да го следат отворањето на апликациите преку преку видео конференциска врска. 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе