Продолжен рокот за аплицирање за поврат на парите за камати за реализирани инвестиции по ИПАРД

До 15 февруари е продолжен рокот за аплицирање за поврат на средствата за камати за реализирани инвестиции по ИПАРД Програмата со помош на кредити. Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информираат дека рокот е продолжен поради зголемениот интерес од страна на барателите кои во минатиот период, реализирале проекти од ИПАРД 1 и ИПАРД 2 Програмата со помош на кредит.

Оваа можност може да ја искористат сите правни и физички лица кои по 25 декември 2016 година користеле средства од Повикот за ИПАРД програмата, а за реализација на инвестицијата подигнале кредит. Апликантите можат да добијат финансиска помош во висина од 50 до 75 отсто од каматната стапка на годишно ниво за период од 10 години. Помошта е наменета за кредити со годишна каматна стапка во висина до осум проценти, кои се исклучиво пласирани од банки и штедилници со дозвола за работа од Народната банка на Република Македонија за период до 10 години и тоа за инвестиции кои се финансирани од инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија (ИПАРД).

„Услов е и кредитот да не е повисок од 500.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија, утврден на денот на склучувањето на договорот за кредит. Право на користење на финансиски помош ќе имаат корисници на финансиски средства од (ИПАРД), кои потпишале договор после завршување на последниот јавен повик за субвенционирање на каматна стапка, односно после 25.12.2016 година“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.

Заинтересираните треба да поднесат електронско барање по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk, за финансиска поддршка со соодветни податоци и да ги прикачат задолжителните електронски документи

Договор за склучен кредит со банка или штедилница за инвестицијата и Детален амортизационен план.

Од Агенцијата информираат дека барањата кои ги исполниле условите за користење на средства за мерката 2 ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање, а барањата кои не се поднесени електронски, нема да се разгледуваат.

„Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две поединечни барања по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година“, велат од Агенцијата за за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе