Поради одлуката за три дози вакцина или за две дози со ПЦР - тест

Приштина да ја преиспита одлуката за ограничен влез во Косово, бара СКСЗМ

Стопанската комора на северо - западна Македонија бара косовските власти да ја преиспитаат одлуката која е стапена во сила, според која за влез во Косово задолжителен е сертификат за примени три дози вакцина против ковид-19 или сертификат за две дози вакцина заедно со негативен ПЦР-тест. Комората вели дека има разбирање за епидемиолошката состојба , но смета дека со вакви рестриктивни мерки се прават дополнителни економски бариери меѓу двете држави.

 Стопанската Комора на северо-западна Македонија во координација со Албанскиот економски форум, изрази загриженост поради одлуката на Владата на Република Косово „За општи и посебни мерки за контрола, спречување и борба против пандемијата со ковид-19", која стапи на сила на 22 јануари годинава. која, меѓу другото, вклучува и нови мерки за влез и излез на граѓани во и од Косово, со потврда за вакцинација од три дози против ковид-19 или потврда за вакцинација со две дози негативен ПЦР - тест направен не порано од 48 часа пред поаѓањето.

„Мерките за влез и излез на граѓаните во Косово значително ја попречуваат слободата на движење, бидејќи голем дел од граѓаните не можат да ја земат третата доза бидејќи не поминало доволно време од втората доза (6 месеци).
Со оглед на фактот дека нашите економии се последователно на удар од кризите што ги зафатија, сметаме дека оваа мерка е дополнителна бариера за бизнисите и економијата воопшто, не дозволувајќи слободно движење на луѓе, стоки и услуги, што не е во линија со економската логика во овој период.
Изразувајќи го нашето разбирање за епидемиолошката состојба, ја повикуваме Владата на Република Косово да ја преиспита оваа одлука без да го попречува слободното движење на граѓаните во нашиот регион“.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе