Стопанската Комора на северо-западна Македонија во координација со Албанскиот економски форум, изрази загриженост поради одлуката на Владата на Република Косово „За општи и посебни мерки за контрола, спречување и борба против пандемијата со ковид-19", која стапи на сила на 22 јануари годинава. која, меѓу другото, вклучува и нови мерки за влез и излез на граѓани во и од Косово, со потврда за вакцинација од три дози против ковид-19 или потврда за вакцинација со две дози негативен ПЦР - тест направен не порано од 48 часа пред поаѓањето.
„Мерките за влез и излез на граѓаните во Косово значително ја попречуваат слободата на движење, бидејќи голем дел од граѓаните не можат да ја земат третата доза бидејќи не поминало доволно време од втората доза (6 месеци).
Со оглед на фактот дека нашите економии се последователно на удар од кризите што ги зафатија, сметаме дека оваа мерка е дополнителна бариера за бизнисите и економијата воопшто, не дозволувајќи слободно движење на луѓе, стоки и услуги, што не е во линија со економската логика во овој период.
Изразувајќи го нашето разбирање за епидемиолошката состојба, ја повикуваме Владата на Република Косово да ја преиспита оваа одлука без да го попречува слободното движење на граѓаните во нашиот регион“.