Природен извор на протеини за супер навики

Здравиот начин на исхрана претставува постигнување баланс при консумација на важните хранливи нутриенти, какви се протеините, витамините, минералите и јаглехидрати. За организмот се особено значајни протеините чија една од главните функции е регенерацијата на клетките и создавање нови. Тие се важни за правилниот раст и развој кај децата, но се важни и за повозрасните лица бидејќи ја зголемуваат способноста за подобар одговор на организамот во случај на повреди и болести. Протеините можат да бидат од животинско, но и од растително потекло.

Изртениот овес е извор на квалитетен протеин. Во само 100 гр. овес има 16,9 гр. протеини. Главниот протеин во овесот – кој е составен дел со 80% од вкупната содржина - е авеналин, кој го нема во ниту едно друго зрно, а е сличен на протеините од мешунките. Спелтата како брашно има сличен профил како обичната пченица, но за разлика од неа, содржи повисок процент на протеини. Во 1 чаша (194 гр.) спелта има 10,6 гр. протеини. Одличен извор на протеини е и чија семето. Дури 14% од чија семето е протеин што е значително повеќе во споредба со повеќето растенија. Семките од тиква се исто добар извор на протеини и незаситени масти, вклучувајќи омега-6 масни киселини. Тие содржат и добар опсег на хранливи материи, вклучувајќи железо, калциум, Б2, фолати и бета-каротен, кои телото ги претвора во витамин А. Уште еден богат извор на протеини е хељдата. Eдна порција (100 гр.) содржи 13,3 гр. протеини што е 27% од дневната препорачана доза потребна за одржување на мускулната маса. Поради својот добро балансиран профил на аминокиселини, протеинот во хељдата е многу квалитетен и дополнително, хељдата е особено богата со аминокиселини лизин и аргинин. Амарантот за разлика од другите житарки, содржи поголем процент на протеини, односно дури 13% или 26 грама во една чаша (194 гр.).

Комбинација од овие „супер состојки“ може да биде одличен извор на потребните протеини. Токму таква комбинација се Супер лебовите на Жито лукс кои веќе подолго време се достапни на пазарот. Тие содржат состојки како овес, спелта, чиа семе, семки од тиква, хељда и амарант кои се природен и богат извор на протеини. Достапни се три вида Супер лебови и тоа: Интегрален леб со супер житарки со из’ртен овес и спелта, Интегрален леб со супер семки од чија и тиква и Интегрален леб со супер зрна со хељда и амарант.

Комерцијален текст

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе