Невработеноста расте

Принуден одмор за текстилците, неизвесност за 30.000 угостители, се чека петиот пакет мерки

Од вчера 50 отсто од вработените во текстилната индустрија се на принуден одмор, а неизвесно е кога и дали ќе се вратат на работа. Од денеска и 30.000 вработени во угостителството и хотелиерството ќе чекаат на олабавување на рестриктивните мерки. Во февруари 16.888 вработени не примиле плата... Владата најави, а во Собранието сѐ уште се чека на гласање за петиот пакет мерки за помош на стопанството. 

Собраниските политички партии никако да се договорат и конечно да го изгласаат петтиот економски пакет за помош на фирмите да можат да ги исплатат работниците, или пак да земат кредит со државна гаранција за да го премостат овој катастрофален период. Во меѓувреме новите рестриктивни мерки само ќе ја продлабочат кризата. Од денеска се затвораат кафулињата и рестораните, фитнес-клубовите, спортските центри и салите за вежбањe, а обложувалниците може да работат само преку шалтер.

Веднаш реагираше Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори кои побараа итна финансиска помош за овој сектор каде приходи остваруваат околу 30.000 граѓани. Финансиска поддршка е неопходна за да се обезбеди основна егзистенција и да не се изгубат овие работни места, велат од Туристичко-угостителската комора.

Текстилните компании како да се подготвуваат да стават клуч на врата. Повеќе од 50 % од текстилните работници се веќе на колективен одмор, а неизвесно е дали и ќе се вратат на работа.

Во салоните за здравје, вежбање, водена релаксација и убавина работат 4.230 лица во 936 правни субјекти. И тие од денеска се без работа.

На сето ова, Крешник Бектеши, министерот за економија ветува дека Владата ќе продолжи да креира мерки за поддршка на стопанството.

До шестиот пакет мерки, се очекува конечно да профункционира петиот пакет владини мерки.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе