Прилепска „Витаминка“ за 7,3 милиони евра ќе го купи штипски „Брилијант“

За 7,3 милиони евра прилепската компанија „Витаминка" од Комерцијална банка ќе го купи долгот што штипската компанија „Брилијант" го има кон банката.

Според понудата, за тие 7,3 милиони евра „Витаминка“ ќе купи недвижен имот (4.956 квадратни метри), земјиште (21.592 квадратни метри), движни ствари и права за производство на маслото за јадење „Брилијант“.

Целиот овој имот бил гаранција за невратен кредит од „Комерцијална банка“.

За ова конечна одлука ќе се донесе на акционерско собрание на „Витаминка“ закажано за 14 март. Акционерите тогаш ќе одлучуваат за начинот на финансирање на предлогот за купување на имотот во Штип.

Предлогот на одборот на директори се оправдува со зацврстување на „Витаминка“ како лидер во прехранбената индустрија во Македонија и за зголемување на вкупниот приход на друштвото. 

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе