Прилеп прв во Македонија доби еколошки и поевтин градски превоз на метан

Прилеп, прв во земјава доби еколошки и поевтин градски превоз. Со 60 милиони денари од локалниот буџет, градот набави четири нови автобуски за градскиот превоз на метан, што беа пуштени денеска, во присуство на премиерот Зоран Заев.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, автобусите не само што ќе обезбедат еколошки градски превоз, туку и двојно поевтин и ќе се грижи, главно за здравјето на граѓаните.

„Првпат не само во Прилеп, туку и во нашава држава, воведуваме автобуси во градскиот превоз на метан. Тие се современи, со највисоки стандарди „Еуро 6“ како што прилега на модерно општество кон кое сите се стремиме. Овие нови четири автобуси се еколошки, ќе користат метан кој не само што е во прилог на екологијата но е двојно поевтин од нафтата. На пример, ако автобусите на нафта дневно трошат околу 100 евра, овие автобуси на метан ќе трошат околу 40 евра дневно. Автобусите се набавени со средства од локалниот буџет. Зедовме четири, а плативме само еден и во наредните три години ќе се отплаќаат другите три автобуси. И тоа без кредит, без камата и без дополнителни трошоци“, рече Јовановски.

Премиерот Зоран Заев  потенцираше дека се радува на, како што вели, овој голем еколошки зафат на Прилеп со којшто воедно се испорачува и порака за еколошка заштрита на сите градови.

„Овие четири нови автобуси ќе го направат Прилеп многу поеколошки град, особено што со тоа го штитиме здравјето на граѓаните. Оваа сериозна и важна инвестиција на Прилеп покрај тоа што овозможува еколошки транспорт на граѓаните од една на друга дестинација, ја испраќа пораката до сите нас во целава држава за еколошките вредности и за важноста за здравјето на граѓаните на што треба сите ние да бидеме посветени“, рече Заев.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе