МТСП ги повика компаниита да исплаќаат К-15

Пријавете неисплата на К-15 на телефонскиот број 15 131

Надлежните ги повикаа и работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот иснпекторат за труд 15 131, по што ќе бидат превземени соодветни мерки.

Од Министерството за труд и социјална политика, преку соопштение, ги повикуваа компаниите да ги почитуваат законите и да исплаќаат К-15 на работниците

Министерството за труд и социјална политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на К-15 до крајот на годината. – се вели во соопштението од МТСП.

Исплатата на регресот за годишен одмор е право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Во Спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. – велат од МТСП.

Оттаму потсетуваат дека Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите согласно законите.

Надлежните ги повикаа и работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот иснпекторат за труд 15 131, по што ќе бидат превземени соодветни мерки.
За годинава максималниот износ кој треба да легне на сметките на вработените е најмалку 9.610 денари или максимални 14.090 денари.
Обврската за задолжителна исплата на К-15 во приватниот сектор стапи на сила во 2014 година.

 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе