Влада

Препораки за превозници кои патуваат во средно и високо ризични земји, како и при враќање дома

Владата денеска соопшти препораки и мерки за лична и колективна заштита за превозниците кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на ковид-19, а кои управуваат тешки моторни возила за превоз на прехранбени артикли и друго, за време на нивниот транзит и престој во овие земји, како и при враќањето во нашата земја.

„Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет. Се забранува контакт со други лица. Доколку излезат да купат храна или за во тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа ракавици за еднократна употреба, заштитни маски, а нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни очила и каљачи.

Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на ковид-19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува превозниците да спијат во кабините на своите моторни возила.

За време на патувањето после секој контакт во маркет, продавница и тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете, максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10-15 минути, особено со лица со симптоми, почесто проветрување на кабината за време на возењето. При престојот во кабината нема потреба од носење на лична заштитна опрема, забрането е примање на слепи патници, а за време на патувањето задолжително е користење средства за дезинфекција на раце на база на алкохол“, пишува во препораките.

При нивното враќање во Македонија задолжителна е комплетна дезинфекција на превозните средства од страна на овластена служба. Исто така, при враќање во земјата, доколку пројават симптоматологија возачите се јавуваат на својот матичен лекар и за нив важат препораките како за останатите патници кои доаѓаат од овие земји за задолжителна самоизолација во домашни услови или во објект определен од фирмата превозник. Фирмата превозник е должна да го пријави во ДСЗИ и МВР местото каде ќе се спроведува самоизолацијата. Доколку фирмата превозник нема определено објект за самоизолација, возачот ќе се смести во еден од објектите определени од државата за карантин, а трошоците се на товар на фирмата превозник.

Се задолжуваат Здруженијата на лиценцирани авто превозници да изготват свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји.

Дозволата за движење на превозникот, според владиното соопштение, важи само со издаден патен налог кој е во прилог на дозволата.

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе