Премиум германскиот бренд Bаилант отвори претставништво во Македонија

Познатиот бренд за системи за греење и ладење Ваилант (Vaillant) повеќе од 20 години е присутен и на македонскиот пазар, а од вчера оваа германска компанија отвори и свое претставништво во земјата. Отворањето беше во присуство на амбасадорката на Германија,  Анке Холштајн и на директорот за Југоисточна Европа – Марио Опачак.

- Ваилант е водечки европски производител и бренд кој на корисниците ширум светот им нуди енергетски ефикасни, иновативни и еколошки прифатливи системи за греење, ладење и вентилација со акцент на обновливи извори на енергија, вели директорот на Ваилант Македонија Деан Наумовски.

Германската компанија Ваилант е со деловна традиција долга речиси 150 години.

- Топлинските пумпи се енергетски ефикасни производи и со нив потрошувачка за енергија значително се намалува во споредба со конвенционалните извори на електрична енергија. Тука се и клима уредите кои мора да ги споменеме затоа што и тие се на некој начин уреди кои се енергетски ефикасни со тоа што комфорот не е ист кај овие два производи. Топлинската пумпа може да стои на тераса, на држачи монтирани на фасадата (исто како клима уред)  и да послужи за греење на некои 100 квадрати станбен простор. Енергетската ефикасност на топлинската пумпа во однос на конвеционален систем за греење е еден спрема четири, вели Наумовски.

Компанијата Ваилант веќе има изработено прв котел кој е сертифициран за работа на чист водород. Претходно беше развиен уред со мешан погон- на гас и на водород, а сега веќе е постигната висока ефикасност на уред кој е 100% на водород. Технологијата за согорување на водород ќе се применува во производите наменети за широка потрошувачка, но, за жал, реално е да се очекува дека во Македонија, која доцни и со гасификација, и оваа технологија ќе дојде со задоцнување.

Голем дел од производите на Ваилант зависат од процесот на гасификација на градовите во Македонија. Главната нивна цел се домаќинствата, а за помасовна потрошувачка потребно е да се гасифицираат градовите. Се разбира клиенти на Ваилант се и компаниите, како што се фабриките во индустриските зони во земјата.

Производната програма на Ваилант се состои од топлински пумпи, високоефикасни кондензациски уреди на гас за греење и подготовка на санитарна топла вода, соларни системи, рекуператори на воздух, електрични уреди за греење и санитарна топла вода, клима уреди, радијатори како и комплетен програм за регулација.

- Топлинските пумпи се енергетски ефикасни производи и нивната потрошувачка на енергија е значително намалена во однос на конвенционални електрични уреди, енергенската ефикасност на пумпите е во сооднос 1:4 во споредба со обичните уреди за греење, па според тоа јасно е колкава е исплатливоста, изјави Наумовски.

Топлинските пумпи на Ваилант (Vaillant), едни од водечките производи на оваа компанија според продажбата на домашниот и европскиот пазар нудат бројни предности на своите клиенти како: одржливост (ја намалуваат емисијата на CO2 во споредба со греењето со фосилни горива); удобност (нудат максимална удобност за греење, ладење и подготовка на топла вода); заштеда  (користат обновливи извори на енергија од природни ресурси земја, вода или воздух при што само 25% од вкупната енергија која ја користат е електрична енергија); ниско ниво на бучава (топлинските пумпи се едни од најтивките на пазарот, совршени за користење во густо населени области).

- Во едукативниот центар подготвуваме тренинзи за инсталатерите и за сервисерите и правиме обуки за цела инсталатерска и сервисна мрежа, бидејќи токму инсталатерите и сервисерите се оние кои нашите производи ги вградуваат и ги одржуваат кај крајните клиенти. А нив веќе ги имаме во речиси сите поголеми градови на Македонија, ни изјави Наумовски.

Еколошките стандарди се посебен приоритет за компанијата. Топлинската пумпа наречена Аротерм плус користи специјален еколошки фреон со фактор за глобално затоплување 3, за разлика од своите конкуренти, чиишто фактори на глобално затоплување се многу поголеми. Оваа пумпа е високотемпературна, за разлика од претходните модели кои беа нискотемпературни и произведува 65 степени Целзиусови.

Во 2015 година Ваилант ја доби германската награда за одржливост. Од тогаш па се до денес неговите вработени продолжија да се залагаат за заштитата на климата преку креирањето еколошки решенија за греење, ладење и вентилација. Нивната цел е грижата за подобра клима внатре во секој дом и светот околу него. Оваа цел ја применуваат уште од основањето на компанијата во 1874 година. Ваиланд производите работат на принципот на трансформација на енергијата во топлина на најефикасен можен начин. Со иновативни производи и решенија што штедат енергија, Ваилант им овозможува на клиентите да се загреваат на ефикасен и еколошки начин, со што придонесува кон постигнување на целите во борбата со климатските промени.

Главни предности на оваа компанија се брзата дистрибуција на оригинални резервни делови и широка распространета мрежа на партнери.

Побарувачката на Ваилант топлинските пумпи на европскиот пазар се зголеми за 50 проценти минатата година. Со продажба од над 2,5 милиони единици за централно греење и речиси еден милион котли за централно греење, компанијата дополнително ја прошири својата позиција како лидер на глобалниот пазар. Благодарение на ова, Ваилант планира и понатаму значително да инвестира во натамошното унапредување и проширување на производната палета.

Концернот Ваилант (Vaillant Group) и ден денес е во целосна сопственост на семејството Ваилант. Во 1992 година беше отворено претставништвoто во Загреб, Хрватска, во исто време задолжено и за словенскиот пазар. Сега, компанијата има свои седишта и во Љубљана, Сараево, Белград и Скопје.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе