Премиерот не ја испушти можноста да ги пофали политиките на Владата и во поглед на земјоделството и произодството на вино и ракија.
Тој рече дека Владата го стимулира производството на висококвалитетно грозје кое е неопходно за производство на врвни вина со премиум квалитет кои се бараат на домашниот и на странските пазари. Во тој контекст, Ковачевски го истакна големото значење на винариите, без оглед на големината, но чија работа и производство придонесуваат за постојано покачување на квалитетот на маедонските вина и придонесуваат за препознавање на Македонија како големо име на светската винска карта.
„По консултации со винариите и лозарите годинава е постигнат договор за зголемување од историски 30 проценти на овогодинешните откупни цени на грозјето“, смета премиерот и потсети на мерките на Владата за стимулација на винариите и лозарите, како и за претходно, кога во рамки на „пандемиските мерки“, беа помогнати лозарите со исплатени 649 милиони денари директна помош.а
Ковачевски нагласи дека Македонија трета година по ред бележи раст на извозот на вино.,