Премиера на БМВ серија 3 седан

Новиот БМВ серија 3 седан ја доживеа и својата македонска премиера. Компанијата М кар, ја претстави седмата генерација на спортскиот седан. Зрачејќи со динамичен дизајн, агилно управување, исклучителна ефикасност и иновативни елементи на опремата, новиот БМВ ги присвојува сите карактеристики што се белег на еден БМВ модел, а потоа неколкукратно ги подобрува. Седанот не само што го претставува јадрото на гамата на БМВ серија 3, туку е и срцето на БМВ брендот.

БМВ серија 3, автомобил кој е продаден во повеќе од 15 милиони примероци ширум светот, за многумина беше и остана врвот на сите спортски седани. Новиот седан доаѓа со значително зголемена спортска маестралност, нов дизајнерски јазик, опширни подобрувања во неговиот премиум амбиент и пионерска технологија за помош при возење, контрола и поврзување. Се карактеризира со сосема нови интерпретации на традиционалните елементи на дизајнот како „хофмаистер кик", бубрезите и фаровите.

Компанијата М кар воедно го претстави и најновиот проект на македонска музичка легенда, Влатко Стефановски и легендарниот БМВ модел. Познтатиот музичар, креираше своја верзија на препознатливото БМВ звучно лого, кое увозникот го промовираше со кампања за новиот БМВ серија 3 седан.

„Денеска, покрај лансирањето на новиот БМВ серија 3 на македонскиот пазар, ви претставуваме едно афтентично звучно лого креирано од Влатко Стефановски за БМВ. Влатко од неодамна е наш задоволен клиент и член на БМВ семејството, на што сме особено горди и задоволни од фактот што тој откако имаше време да го проба неговиот БМВ автомобил, иако не станува збор за БМВ серија 3, од него имаме само пофални критики“, изјави Марко Јовановски, генерален директор на М кар, на официјалната промоција.

„Пред година дена ми дојде време да сменам автомобил и откако ги прошетав сите салони во нашиот град, мојот избор беше БМВ Х1. Помина една година откако го купив овој автомобил и досега имам поминато скоро 30.000 км, што зборува за моето интензивно патување и големото задоволство при возењето на тој автомобил. Сум возел многу брендови пред БМВ и сум пробал многу автомобили, имам големо искуство во возењето и патувањето и морам да кажам дека од се што сум возел досега, ова искуство на возење БМВ е неспоредливо со ништо друго. Каде и да тргнам стигнувам релаксиран, одморен и со минимум стрес. Затоа оваа наша соработка е на обострано задоволство“, изјави познатиот музичар Влатко Стефановски, на официјалната промоција.

БМВ серија 3 повеќе од 40 години претставува олицетворение на концептот за спортско задоволство во воз ењето во глобалната премиум-класа со средна големина. Влатко Стефановски, со музичка кариера подолга од 40 години, е еден од најголемите македонски музичари на сите времиња. Со оваа уникатна изведба на препознатливото звучно лого на БМВ од страна на Влатко, чест ни е да ја обелодиниме нашата симболична соработка со Влатко, кој како пријател на куќата ќе биде присутен во нашите активности оваа година, изјави Билјана Колемишевска, на официјалната промоција.

Новиот БМВ серија 3 е веќе во продажба, со почетната цена од 38.900,00 евра, за моделот 318д.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе