Трет повик за предлог-проекти

Прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија за поттикнување на туризмот

Третиот повик за предлог-проекти за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија денеска официјално ќе го објават амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир и Луиџи Сорека, амбасадор на ЕУ во Албанија.

Можностите за финансирање што се достапни во рамките на овој повик до општините од прекуграничната област ќе ги презентираат македонскиот министер за локална самоуправа, Горан Милевски и Зеф Мази, главен преговарач / Национален координатор за ИПА на Република Албанија.

„Прекуграничната соработка е клучен елемент на политиката на ЕУ кон нејзините соседи. Дизајнирана според принципите на моделот на територијална соработка на ЕУ, CBC ја промовира соработката помеѓу земјите на ЕУ и соседните земји кои делат копнена граница или премин преку море. Северна Македонија има воспоставена прекугранична соработка со сите пет нејзини соседни земји. Досега, 14 проекти во вредност од близу 6 милиони евра беа доделени во текот на ИПА- периодот на програмирање 2014-2020 година (ИПА 2) во рамките на програмата CBC само со Албанија“, се вели во соопштението од Министерството за локална самоуправа.

Полошкиот, пелагонискиот и југо-западниот регион од македонската страна и Корча, Дибер и Елбасан на албанската страна имаат право да аплицираат во рамките на овој трет повик за предлог-проекти. Околу пет милиони евра се ставени на располагање за проекти со CBC елементи од најмногу 800.000 евра за секој од нив. Тие треба да го поттикнат туризмот, притоа промовирајќи го природното наследство, ќе ги поддржуваат локалните бизниси и конкурентноста и ќе помогнат во заштитата на животната средина. Програмата ИПА CBC е кофинансирана од Владата.

Официјалниот почеток на третиот повик за предлог-проекти за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија ќе биде објавен денеска на он-лајн прес конференција на министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе