Преку фејсбук би можело да се привлечат туристи

Македонија има одлични угостители, препознатлива храна и добар кадар, но тоа треба добро да го спакува, да го патентира и да го промовира преку квалитетна маркетинг стратегија. Неопходно е да разработи и т.н. турзам кој ги продолжува сезоните, посебно во Скопје. Главниот град би можел да биде конгресен центар што ќе придонесе за продолжување на престојот на гостите, порачаа учесниците на денешниот форум во Стопанската комора.

Според нив, за постигнување резултати се неопходни инвестиции, но уште поважни се иновациите. Притоа, не треба да се чека се од државата, во промоцијата на земјата може да придонесат и граѓаните преку социјалните мрежи (инстаграм, фејсбук), но нужно е и поголема ажурност на приватниот сектор.

-Секој граѓанин на Македонија ја претставува Македонија преку она што ние го гледаме во другите земји, потенцираа словенечките експерти.

Оценка на Вука Булатовиќ, сопственик на туристичката агенција „Експлорер" од Црна Гора, е дека Македонија заслужува вистински производ кој ќе ја позиционира меѓу високорастечките економии.

-Македонија бележи пораст на туристите, но мора да се детектира од каде доаѓа порастот, во кои делови се бележи и кои се содржините што ги привлекуваат туристите. Винскиот туризам е во подем, во подем се туристите кои го посетуваат Скопје, но се тоа треба дателано да се провери и да се вметне во стратегијата за 2019-2024 година. Имаме предвид дека е потребно Скопје да биде конгресен центар и дека тоа е една од приоритетните, основни содржини што ќе придонесе за поголем број посетители. За жал, во радиус од 250 километри и повеќе не постои поголем конгерсен центар од оној во Белград, истакна Александар Богоевски од Град Скопје.

Министерството за економија најавува подобрување на регулативата согласно новите трендови, а ќе треба, како што рече државниот секретар Зоран Павловски, да се размислува и за финансиска гилотина во туризмот. Нови над 20 мерки се очекуваат да го раздвижат секторот. Алтерантивниот, адреналинскиот, руралниот и пештерскиот туризам, ќе бидат дел од формите што ќе се развиваат. Проценките се дека туризмот до 2020 година ќе достигне над четири проценти од БДП, а потенцијалот е десет отсто.

-Новата ревидирана стратегија со акциски планови до 2020 година е веќе завршена и е во владина процедура. Со поддршка на Светска банка се работи на долгорочна стратегија за одржлив туризам до 2030 година. Во 2019-та предвидуваме нови мерки, но и продолжување на субвенциите за граѓаните, информира државниот секретар, нагласи Павловски.

Тој не можеше да прецизира колкава финансиска поддршка е одвоена за туризмот во 2019 година.

Според директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, програмските цели за 2018 година се исполнети. Промоцијата на Македонија во странските земји е успешна.

– Во 2019 година Македонија ќе се потруди да отвори нови пазари, романскиот, германскиот и шпанскиот, но нема да заостанат и традиционалните, како и оние како полскиот, што се во подем. Договорени се веќе аранжмани со Турција за 2019 и 2020 година. Со сигурност можам да кажам дека 2019 година ќе има зголемување на продадените пакети за турските туристи. Тие прекратко се задржуваат тука, 1,6 дена. Потребно е да се задржат повеќе, токму продавањето на аранжамните и директните чартер линии ќе го овозможат тоа, рече Јаневски.

Еден од заклучоците на форумот беше дека земјите од регионот треба да креираат заеднички производ со кој ќе бидат конкурентни на далечните пазари како САД, Австралија, Кина,... Тоа е голема шанса зашто ниту еден гостин од далечен пазар не доаѓа на неколку денови, туку на повеќе од 20 дена.

Во однос на искуствата, беше посочено дека Црна Гора е фокусирана на висококвалитетен туризам со отворени преку 40 хотели со 4+ и пет ѕвезди и полека од црногорското приморје се сели на планински туризам, додека Словенија е дефинирана како зелена дестинација на активен, здрав туризам кој вклучува термални бањи. Нема многу хотели како Црна Гора, но форсира т.н. луксузен туризам со максимално почитување на природата – поставување шатори, дрвени куќички,...

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе