Предлог закон во Собранието, обложувалниците да се селат на 500 метри од училиштата

Според предложените измени во Законот за игри на среќа, сите обложувалници и казина ќе треба да бидат дислоцирани најмалку 500 метри воздушна линија од училиштата. Наредната недела за ова ќе треба да расправаат членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Овие измени се предложени од пратениците на ДУИ. Неодамна слични вакви измени во законот биле усвоени и во Косово и во Албанија.

Во образложението на пратениците на ДУИ пишува дека игрите на среќа не треба да бидат толку достапни до децата иако и сега има одредба дека на малолетно лице му е забрането да влезе во казино или обложувалница.

Во македонските обложувалници и казина се вработени 7.000 работници. За игрите на среќа се плаќа посебен данок на приход од 23 проценти, а од почетокот на годинава се зголеми и данокот на добивка од 10 на 15 проценти.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе