„Спектакл се прави се прави од нешто што треба да биде редовна активност на владата, дека ќе имало социјални пакети. Ние треба да работиме како држава да немаме многу социјални пакети, треба да имаме богати граѓани. Успешен е оној премиер кој што ќе рече, оваа година Македонија не е држава со најголема стапка на сиромаштија и јас сега имам повеќе пари да вложувам за развој на образование, здравство и така натаму", истакна Мицкоски.
Мицскоски толкува дека премиерот практично се пофалил со зголемен број на социјални случаи и нагласи дека такво нешто не е нормално да биде тема на прес-конференција.
„Но, во ред, кога повторно ќе кажам немате што да кажете, тогаш излегувате и кажувате некои теми кои што навистина, не знам кој го советува да ги зборува. Не е за мене фалење ако е зголемен бројот на приматели на социјална помош, напротив, за мене тема за фалење ако е намален бројот на приматели на социјална помош и повеќе богати граѓани. Тоа е за мене тема. Е тоа требаше да каже Ковачевски, колку пари ќе има за науката, колку пари ќе има за здравството, колку пари ќе има за нови автопатишта, за пруги... Тоа е суштината, нови енергетски објекти. Тој се фали, излегува и вели ќе има повеќе пари за сиромаштија. Не можам да го разберам, но претпоставувам тие ја одбрале таа стратегија, по мене тоа е погрешно и не е за фалење, но, тоа е што е", рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ситуацијата со економијата во државата е алармантна, нема стабилна економска политика и поради тоа бизнисмените не можат да прават инвестиции и кога нема инвестиции нема ни развој, а има се повеќе сиромаштија.
„Ситуацијата во државата е алармантна и јас не гледам стабилна економска политика. Гледам политика со многу осцилации, ќе има даночна реформа па ќе нема даночна, па скалест данок се брише, па не се брише, се одложува. Сето тоа создава еден вид горчина кај бизнисмените и тие практично, во отсуство на стабилност не можат ниту да инвестираат, а ако немате инвестиции немате развој, ако немате развој имате многу сиромаштија. И потоа се враќаме на почеток, ќе ги собираме парите да стимулираме сиромаштија", истакна Мицкоски.