Празен акумулатор – како правилно да го стартувате возилото

Старите и ослабнати акумулатори се први на удар од ниските температури во зима, но како правилно да го стартувате моторот со помош на кабли или без нив, без да чекате сервис или помош.

Акумулаторот на возилото со текот на годините полека губи од својата моќност, што значи дека едно утро, кога најчесто брзаме за на работа, моторот нема да стартува.  Ова е особено можно во текот на студените зимски денови, кога ниските температури ја намалуваат неговата сила, а при возењето користиме повеќе потрошувачи како што се: парно, грејачи или бришачи.

Во таква ситуација имате избор да чекате сервис или да пробате сами да го стартувате возилото со кабли или со придвижување. Но, за да го направите правилно тоа, без да го оштетите автомобилот, следете ги овие неколку чекори. Ако имате сет помошни кабли ќе треба да побарате помош и од друго возило со исправен акумулатор.

Прво, доближете ги возилата – видете од која страна се акумулаторите на двете возила и потоа паркирајте го вториот автомобил со исправен акумулатор што поблиску до првиот автомобил со празен акумулатор. Внимателно тргнете ги сите заштитни делови од двата акумулатора и проверете дали помошните кабли се доволно долги.

Второ, внимавајте која страна е плус на акумулаторот - најчесто плусот е јасно означен и со црвено, а минусот со сино капаче. Потоа, внимателно поврзете го црвениот кабел, најпрво, на плусот на празниот акумулатор, а потоа на плусот на акумулаторот на исправното возило. Притоа, внимавајте да не допрете некој метален дел од возилото.

Потоа, поврзете го црниот кабел – едната штипка прикачете ја на минусот на акумулаторот на исправното возило, а потоа другиот крај од кабелот на некој метален дел од шасијата на првото возило, а не на минусот на празниот акумулатор.

Стартувајте го второто возило и оставете го да поработи пет минути во место – проверете дали се исклучени светлата, радиото или некои потрошувачи и пробајте да го стартувате првото возило.

Откако ќе го стартувате возилото, откачете ги каблите по обратен редослед и најдобро е автомобилот да го повозете или да го оставите да работи најмалку 15 минути за да може да се наполни празниот акумулатор.

 

Maкпетрол инфо поинт

 

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе