Правда за штедачи: Веќе 1,5 година државата ништо не прави за грабежот во Еуростандард банка

Јавно ги прашуваме државни институции кого штитат? До каде е истрагата? Молкот мора да заврши. Сите инволвирани страни во криминалот на Еуростандард банка мора да одговараат за нивните злоупотреби на службена должност и овластувања, за перење пари, за молчење и прикривање на криминалот, за соучество во криминалот, за фалсификување на документи, за измама и за низа други кривични дела, се вели во денешното соопштение на здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банката Правда за штедачи.

„Наскоро ќе поминат година и половина од ставањето клуч на банката. Нема никаква одговорност за никого. Блажо Трендафилов, директорот на Управата за финансиско разузнавање, уште минатата година јавно изјави дека преку Еуростандард банка се переле пари, операција која почнала во 2017 година и многукратно се зголемила наредните години. И ништо не е направено да се спречи тоа со време. Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полиција, во февруари годинава јавно изјави дека се гледа крајот на тунелот и дека се на добар пат да ја докажат одговорноста на сите вмешани страни кои се дел од грабежот на банката. Изјави и дека се работи за голема мрежа на фирми клиенти на банката, дури и повеќе од 149, преку кои се спровело крадењето на депозитите од банката. И сеуште нема ништо на повидок. Молчи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. И после толку многу достапни докази, објави од здружението „Правда за штедачи“, одржани прес конференции и поминато време, како ништо да не се случило.
Како што е веќе познато, се работи за три групи носители на организираниот криминал во банката. Раководството на банката, Народната банка и фирми клиенти на банката преку кои се поделиле парите на депонентите преку доделени неповратни кредити. Претседателите на управен, кредитен и надзорен одбор на Еуростандард банка се носителите кои свесно го организирале и спровеле масовниот грабеж во банката. Нивните потписи се наоѓаат на одобрените милионски суми на кредити без покритие према повеќе десетици фирми кои се сега во стечај или се веќе затворени. Овие личности масовно одобрувале кредити иако истите не ги исполнувале критериумите за одобрување дефинирани во кредитната политика на банката. Ниту пак средствата од кредитите се користеле наменски. Не ги почитувале ниту интерните политики и процедури за кредитен ризик како ниту одлуката за управување со истиот. Масовно се лажирани и издвоените посебни парични резерви според нивото на преземен кредитен ризик за доделените кредити.
И сите овие активности биле будно следени од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот тим од Народна банка. Со години знаеле што се случува во Еуростандард банка, како се краде и како се перат пари, како масовно се делат кредити без покритие, но не направиле ништо за тоа да се спречи со време. Напротив. Ниту почитувале закони ниту правила. Зошто ако ги почитувале, веднаш ќе им ги одземеле лиценците на носителите на криминалот и со време ќе го спречеле крадењето на депозити и перењето пари. Иако знаеле, дозволиле и кон крајот на 2019 година да исчезнат речиси 3 милиони евра депозити од Еуростандард банка дадени како гаранција за кредити на трети субјекти во друга, соседна банка.
Како што изгледа, релеватните државни институции кои треба да го штитат јавниот интерес, за што се и платени од нашите пари, очигледно се појавуваат како сервис и заштитници на криминалците. Ненормалното стана нормално и обратно. Крадците станаа чесни луѓе, а сите ние депоненти, над 3.000 семејства на кои личните парични средства им ги украдоа, сме виновни за вербата во системот којшто организирано не покраде.
Одговорност мора да има и парите да се вратат на тие на кои им се украдени. Само така може да се врати вербата во нормалното и во вредносниот систем којшто, за жал, е длабоко нарушен“, соопштува здружението Правда за штедачи.
 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе