Еуростандард банка

Правда за штедачи: Рецикл-еко-трејд должи 620.000 евра, а сега е пред бришење во Централниот регистар

Времето покажува дека фирмите должници го спроведуваат планот што им бил зацртан во времето кога ги договориле и добиле парите во вид на кредити од Еуростандард банка за да потоа ги затворат фирмите или се движат кон таа цел. Според извештајот за банката на стечајниот управник Душко Тодевски бројни несолвентни фирми добиле кредити, а сега, откако ги поделиле парите, дел од тие фирми банкротираат, се вели во денешното соопштение на здружението на ограбените штедачи од Еуростандард банката Правда за штедачи.

„Еве уште еден таков пример. Фирмата за производство, трговија и услуги Рецикл еко-трејд ДООЕЛ експорт-импорт Скопје е фирма пред затворање. Оваа фирма има долг кон Еуростандард банка од околу 620.000 евра и нема платено ниту една рата 224 дена пред затворање на банката минатата година. За земениот кредит се води хипотека на деловен и друг недвижен имот со вкупна проценета вредност од 240.000 евра, што е околу 2,6 пати помал износ од долгот на фирмата. Фирмата е основана во мај 2008 година, со паричен влог од 5.000 евра, тројца вработени и седиште во општина Карпош. Сопственик и управител на фирмата е Денис Владимирович Гафнер.

Во последните две години, 2019 и 2020 година, за фирмата не се водат деловни активности. Според билансите на фирмата, последниот регистриран годишен приход е во 2018 година од 5.300 евра и загуба од 30.000 евра. Истата година фирмата имала обврски од 740.000 евра и акумулиран капитал од 4.500 евра. Или 165 пати поголем долг од капиталот на фирмата додека задолженоста била 99 отсто. Слични перформанси фирмата имала и во претходната 2017 година.

Сега за фирмата се води дека е во постапка за бришење во Централниот регистар според член 552-б од Законот за трговски друштва, односно на основа на недоставување на годишни сметки и финансиски извештаи. Тоа е пракса што се повторува во многу фирми должници на Еуростандард банка.

Како оваа фирма добила кредит од Еуростандард банка? Како може фирма која има приходи од рангот 5.000 до 10.000 евра и загуби од 30.000 евра да добие непокриен кредит од преку 600.000 евра!? Како може директори во Еуростандард банка со лиценци добиени од Народна банка да доделуваат вакви кредити на презадолжени фирми со ултра лоши перформанси и никој да не реагира за тоа!? Несомнено, парите од депозитите се дадени за да не се вратат и поделат меѓу учесниците во криминалот. Се работи за три столба преку кои се случувал масовниот грабеж во Еуростандард банка со години: високото раководство во управниот, кредитниот и надзорниот одбор на ограбената банка, гувернерката и првиот тим од Народна банка и сопствениците на 149 фирми со ненаплатливи кредити, како кредитот доделен на фирмата на Денис Владимирович Гафнер.

Овие криминални ликови мора да одговараат пред лицето на правдата за сите злоупотреби и проневери кои ги направиле и се разбира, да ги вратат парите што ги украле.

Што ќе направат релевантните државни институции за да го сопрат Денис Владимирович Гафнер да ја затвори фирмата Рецикл еко-трејд? Таа е пред затворање, според добро осмислен план којшто се движи кон реализација. Или ќе продолжат да игнорираат и молчат, како што тоа го прават веќе една цела година.

Ние нема да молчиме и за сето ова ќе ги известиме и меѓународните претставништва во земјава и оние во Брисел и Вашингтон, за да и тие знаат како се практикува толелирање и молчење за голем организиран криминал и корупција во нашата држава односно кражба на доверени лични парични средства во лиценцирана и контролирана но ограбена банка“, соопшти здружението Правда за штедачи.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе