Правда за штедачи: Раководствата на Еуростандард и на Народна банка директно учествувале во криминалот

После поминати осум месеци во изјави, истражувања, дебати, извештаи и разни материјали, сликата за грабежот во банката е кристално јасна. Банката пропадна поради толериран повеќегодишен масовен грабеж на депозити. Денес, со сигурност знаеме дека банката ја ограби раководството под будното око на Народна банка. Трифун Костовски, Коста Костовски и Николче Петкоски креирале мрежа на избрани фирми преку кои пласирале високоризични ненаплатливи кредити, дадени за да не се вратат. 149 фирми не вратиле ниту еден денар со години од така „позајмените“ 55 милиони евра наши пари, се вели во денешното соопштение за здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банката Правда за штедачи.

„Спрегата меѓу двете криминални групи, раководните лица во банката и избраните поединци и сопственици на фирми кои свесно земале ненаплатливи кредити, е Народна банка како регулатор и контролор на паричните текови и преземените кредитни ризици и покритија во банките. Корупцијата и криминалот, како по обичај, доаѓаат од врвот и Народна банка не е исклучок од ова непишано правило. Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и првите луѓе од нејзиниот тим во Народна банка се оние кои кумувале на криминалните дејства спроведени од раководните лица на Еуростандард банка, акционерите, претседатели и членови на одбори и директори. Гувернерката Бежоска и нејзниот прв тим го знаеле тоа многу добро, но дозволиле и директно соучествувале во кражбата на нашите депозити. Нивното директно соучество, молчење и толерирање, потврдува и зошто фирмите не ги враќале земените кредити со години и зошто кредитното портфолио на банката било во најголем дел од највисока категорија, за да нагло, „преку ноќ“, се промени во најлоша категорија со нејзино затворање минатата година.

Потоа, чинот на продолжување на важноста на лиценците за работа на раководните лица во Еуростандард банка наместо нивно одземање и санкционирање на истите. Да не беа корумпирани гувернерката Бежоска и нејзиниот прв тим, немаше да дозволат вртоглави 73 отсто од кредитното портфолио на фирми должници во Еуростандард банка да биде рангирано во нефункционални кредити, ненаплатливи или тешко наплатливи. Тоа е далеку за споредба со просечните 4 отсто нефункционални кредити на целиот банкарски сектор, како што тврди Народна банка. И конечно, овие високи претставници на Народна банка немаше да нѐ лажат дека докапитализацијата на Еуростандард банка била направена со сопствен капитал од акционерите. А всушност, тоа е направено со нашите депозити заложени како гаранција за земен кредит за докапитализација на Еуростандард банка, а на криминалниот чин на потпишување на договор за кредит во 2019 година присуствувале и кумувале токму тие високи претставници на Народна банка. И за крај, немаше ни гувернерката Бежоска јавно да нѐ лаже дека нашите депозити се сигурни и безбедни непосредно пред затворање на банката, тогаш кога било јасно и кога знаела дека тоа ќе се случи.

Зошто државата и понатаму ги толерира овие „стручни лица“, кои не само што ја нагрдуваат сликата за Народна банка туку се и екстремно штетни за банкарскиот систем во земјава? Начинот на којшто оперираат е сигурен гарант за штета на нашиот банкарски систем, а особено за депозитите на граѓаните и фирмите“, се вели во соопштението на здружението Правда за штедачи.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе