Реакција

Правда за штедачи: Оставка од министерот за финансии Фатмир Бесими за вршење притисок врз уставните судии

Откако министерот за финансии Фатмир Бесими по скандалозната порака до судиите на Уставен суд од 20 април не поднесе оставка, од вчера здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка Правда за штедачи бара министерот да поднесе неотповиклива оставка.

„Да се потсетиме, во доцните вечерни часови на 20 април, министерот за финансии упати порака до уставните судии дека на 21 април тие ќе решавале за стабилноста на финансискиот систем во целина. На тој начин министерот, без сокривање, на јавна сцена изврши притисок врз уставните судии да гласаат негативно за поднесената иницијатива за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки.

Уставниот суд собра сили и не подлегна на овој притисок кој беше повеќеслоен. И покрај притисоците, иницијативата беше усвоена и Уставниот суд поведе постапка за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки. Уставниот суд не попушти на притисокот, но штетата е направена. Имено, покрај тоа што министерот за финансии нема аргументи кога се обидува да врши притисок врз Уставниот суд, тој со ваквиот притисок нанесува ненадоместлива штета на Македонија како држава. Дека нема аргументи за економска дестабилизација, тоа е јасно. Јасно е затоа што според сите официјални податоци од монетарната и фискалната власт, состојбата е стабилна и под контрола, и нема никаква опасност за сериозни потреси ниту во економскиот, ниту во банкарскиот систем. Напротив, според официјалните податоци, сѐ е стабилно, сигурно и ситуацијата се држи под контрола. Да не заборавиме дека пропаднатата Еуростандард банка беше карактеризирана како мала банка без поголемо влијание на стабилноста во банкарскиот сектор. Се прашуваме, зошто одеднаш одлуката на Уставниот суд стана толку значајна. Зарем навистина некој сериозно смета дека укинувањето или поништувањето само на еден став од Законот за банки, може да предизвика сериозна дестабилизација, и тоа ни повеќе ни помалку, туку на економскиот систем како целина.

Не, тука не се работи за опасност од дестабилизација на економскиот систем, туку за недозволено влијание и притисок од извршната власт (Министерство за финансии) врз судската власт (Уставен суд). Тоа, почитуван министер за финансии, е сериозен преседан со кој се врши загрозување на темелните вредности на уставниот поредок, што може да има сериозно негативно влијание на европските интеграции на државата во пресрет на преговорите за членство на земјата во Европската Унија.

Затоа, почитуван министер за финансии Фатмир Бесими, бараме да поднесете неотповиклива оставка на функцијата која ја извршувате. Во интерес на сите граѓани на оваа држава“, се вели во соопштението на здружението Правда за штедачи.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе