Правда за штедачи: Опструкции од претседателот на Уставниот суд

Сведоци сме на сериозните опструкции што претседателот на Уставниот суд ги прави во врска со иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, изјавија денеска членовите на здруѓението на оштетените штедачи на Еуростандард банка Правда за штедачи.

Тие потсетија дека Уставниот суд на седницата одржана на 21 април донесе одлука за поведување на постапка за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки. Од 21 април до денеска поминати се цели 15 дена, но иницијативата не е доставена на мислење до Собранието или Владата, што е редовен тек на работите, пред да биде донесена конечната одлука, велат од Правда за штедачи.

„Ваквата постапка на претседателот на Уставниот суд е неоправдана, ниту има основ во деловникот за работа на Уставниот суд. Напротив, таа е неоснована и со ништо непоткрепена, додека мотивот за ваквото (не)постапување, ние како здружение, го гледаме во очајниот обид преку „процедурални” трикови, претседателот да добие во време, со цел до 31 мај да не се најде точката на дневен ред, бидејќи на тој датум истекува мандатот на тројца уставни судии. Веројатно, очекувањата се дека новите уставни судии што ќе бидат избрани ќе бидат „послушни” на структурите кои од повеќе места во изминатиов период вршеа притисок врз судот.

Постапката е провидна и претставува очаен обид да се опструира правдата. Ние, оштетените физички и правни лица депоненти на Еуростандард банка, нема да паднеме на тоа ниво. Затоа, најпрвин сакаме да изразиме надеж дека ниту изборот на новите уставни судии нема да ја спречи правдата. Бидејќи ако тоа се случи, во Македонија дефинитивно правда нема“, велат штедачите и бараат Уставниот суд веднаш да ја достави одлуката за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки до Собранието или до Владата на одговор и да соопшти кога ќе биде закажана седница за конечно, мериторно решавање по однос на оваа иницијатива.

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе