Правда за штедачи: Одлуката за укинување на член 163 сѐ уште не е објавена во Службен весник

Одлуката на Уставниот суд за укинување на член 163 став 3 од Законот за банки сѐ уште не е објавена во Службен весник. Но, тоа можеби и не би било толку чудно доколку, сѐ уште необјавената одлука во Службен весник служи како класичен пример за протежирање на личен интерес, наспроти колективниот (јавниот), и тоа по цена на непочитување на деловнички одредби од Деловникот на Уставниот суд, се вели во соопштението на здружението на оштетените штедачи на Еуростандард банка Правда за штедачи.

„Одлуката на Уставниот суд за укинување на член 163 став 3 од Законот за банки е донесена на седницата на Уставниот суд одржана на 25 мај, речиси без дискусија, која претходно беше исцрпена, и со однапред подготвен нацрт-текст за кој само гласаа уставните судии. Четирите уставни судии кои не се согласуваа со одлуката, исто така претходно, јавно го изнесоа своето издвоено мислење. Значи, не постои никаква пречка одлуката да не се објави во Службен весник. Добро, ќе рече некој, 7 дена од денот на донесувањето и не е така долг период за објава. Но, сакаме да укажеме дека има разлика во односот на институциите кога станува збор за личен и кон колективен (јавен) интерес.

Имено, согласно член 78 од Деловникот на Уставниот суд, конечниот текст на решението и одлуката се доставува на учесниците во постапката за објавување во рок од 3 дена од денот на потпишување од претседателот. Ден по донесената одлука за укинување на член 163 став 3 од Законот за банки, на 26 мај, Уставниот суд донесе одлука за избор на нов претседател на Уставниот суд, судијката Добрила Кацарска. Оваа одлука е објавена во Службен весник на 31 мај, за разлика од одлуката за укинување на член 163 став 3 од Законот за банки, која сѐ уште не е објавена.

Очигледно кога е во прашање личниот интерес (избор на претседател) може да се постапува и побрзо од роковите пропишани со законските и подзаконските акти, но кога е во прашање колективен (јавен) интерес, тогаш тие рокови може и да почекаат. И тоа е системски проблем во државата, не само во Уставниот суд. Постапката со објава на Одлуката за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки во Службен весник, само го потврдува тоа. Почитувањето на законските рокови е многу важно прашање за реформите, особено во делот на правосудството и управата, и затоа очекуваме дека и во овој случај со Законот за банки тоа ќе се почитува.

На новата претседателка на Уставниот суд ѝ го честитаме изборот со желби за успешна работа и ѝ посакуваме уште многу одлуки во интерес на граѓаните, како што беше оваа, за укинување на член 163 став 3 од Законот за банки“, соопшти Правда за штедачи.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе